Оние што имаат парче земја на село можат да направат една ваква викендичка – минимални трошоци, а уживанција како во рајот!
Во последно време се поголем е бројот на оние што ќе одлучат да ги напуштат градовите и да се преселат на село, каде ќе избегаат од стресот и забрзаниот начин на живот.
Но наместо да изберете голема куќа, какви со децении се популарни во Македонија, и во која можат да живеат повеќе семејства, можеби многу попаметно решение е доколку одлучите да изградите и да живеете во помала куќа. За неа нема да потрошите многу пари како во случајот кога би требало да направите огромна градба, од кои денес повеќето се празни бидејќи родителите многу често останале да живеат сами во нив. Од друга страна и трошоците за одржување на една таква голема куќа секако дека се многу поголеми, па не за џабе многу викаат дека куќата е дупка без дно кога е во прашање проблемите околу одржување.
И токму заради ваквите големи куќи низ градовите, сите ги заборавивме оние мали имоти и куќичка на село што ги наследивме од нашите баби и дедовци. Не е тајна дека повеќето жители во денешните градови потекнуваат од некои од нашите прекрасни села, кој за жал денес се празни и пусти.
Покрај куќите, останаа празни и нивите, а нивните сопственици одвај и еднаш годишно ќе дојдат да ги посетат.
Но бидејќи во последните години повеќе семејства одлучуваат да се вратат на село и таму да го продолжат животот, избегнувајќи го стресот и урбаниот начин на живот кој знае да биде многу исцрпувачки, можеби подобро решение е да изберете токму една таква мала куќа.
Имено, за да уживате максимално на село, ви предлагаме да примените еден американски систем – живот во мала куќичка.
И тоа не во обична, туку во куќа направена од транспортни контејнери, кои реално можат да се направат и од цигла. Кога ќе завршите со темелот и ќе започнете со градбата најважно е на ум да имате само едно нешто, а тоа е дека среќата е и во малите нешта и за неа не ви потребно изобилство.
Воопшто не ви е потребно повторно да заглавите со огромен објект со повеќе соби, туку за викендичка на село доволно ви е да имате дневен престој, направен по ваша желба и потреба, една спална соба, кујна и купатило. Сé што е повеќе од тоа, може да биде неискористено и вишок.
Како пример ви ја преставуваме куќата на еден пар од Америка кој својата куќа од соништата ја направи од контејнер.
За вакво нешто не ви се потребни кредити, хипотека и големи трошоци, туку само време и желба да го создадете вашиот рај.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Погледнете ги и остнатите идеи: