Фустанот што го носеше Кардашијан беше толку многу тесен што ги ЗАПPEПАСТИ сите кога почна да скока по скалите (фото)
Познатата ријалити ѕвезда Ким Кардашијан е позната и по своите екстравагантни модни изданија, па дури и кога тоа значи дека не може да се качува по скалите.
Познатата Американка во понеделникот сподели урнебесно видео кое откри дека беше приморана да скока по скалите бидејќи фустанот што го носеше беше толку тесен што не можеше да маневрира со него.
Во прашање е гламурозен сребрен фустан од Долче и Габана со корсет и врвки од страните што Ким го носеше на „афтер-партито“ на Долче и Габана по нивната ревија во Милано. Фустанот беше толку тесен што мораше да се фати за оградата на скалите и да скокне со екстремно високите потпетици.
Таа ниту еднаш не се обиде да го подигне здолништето за да чекори полесно, а како изгледаше, погледнете во продолжение.
Инаку колекцијата што италијанскиот моден бренд ја престави на Модната недела во Милано настана во соработка со Кардашијан, а идејата за колекцијата која се вика „Ciao Kim“ настанала потполно случајно.
Познатата дизајнерска двојка кој беше задолжена и за облекување на гостите и младенците на венчавката на Кортни Кардашијан и Травис Баркер што се случи ова лето, била изненадена кога Ким на свадбата дошла со својата приватна колекција од винтиџ парчиња од Долче и Габана, меѓу кои имаше и модели што и самиот бренд ги нема во сопствената архива.
По овој настан тие одлучуваат да им бие кураторка на нивната нова колекција така што ќе избере креации што тие ги лансирале во периодот измеѓу 1987 и 2007 година, кои потоа беа суптилно преработени.
По ревијата беше одржана и големата забава што ја организираше модната куќа на која Ким заблеска во сензационалниот фустан.
Таа го носеше со предимензионирана огрлица и големи обетки, како и мала микро чантичка со која го „зачини“ целото издание.
Коментаторите на социјалните мрежи заклучија дека ова е едно од нејзините најдобри изданија што Ким досега ги носела на јавни настани, а многумина коментираа дека изгледа дури подобро и од Моника Белучи.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм