Сопругата на Николовски на свадбата кај министерот Бочварски ги „РАСПАМЕТИ“ сите со ова свое раскошно издание!
Секоја жена би заблескала во еден ваков фустан…
Министерот Љупчо Николовски заедно со својата поубава половина, Андријана Николовка, овој викенд поминаа лудо и незаборавно на свадбата кај Благој и Маринела.
Имено, Љупчо и Андријана оваа сабота беа гости на свадбата кај министерот Благој Бочварски во Александар Палас, а Андријана и овој пат пленеше со својата креација.
Андријана за разлика од пред неколку месеци, кога беше црковната венчавка на Благој и Маринела, и кога носеше преубава тоалета во кралска сина боја, обој пат блескаше во гламурозна црвена креација.
Таа целото издани го „зачини“ со тенки високи потпетици и коса врзана во пунџа, а нејзиниот сопруг носеше класичен црн костум, бела кошула и впечатлива вратоврска во истата нијанса како и нејзиниот фустан.
На свадбата присуствуваа многу познати лица од светот на политиката, а невестата блескаше во својата убава венчаница.
Таа за разлика од венчавката овој пат носеше креација без ракави и со потесен крој, додека длабокото деколте во „V“ израз ја имаше главната улога.
Во продолжение потсетете се како невестата и младоженецот изгледа и на венчавката во Штип, која се случи во мај месец оваа година, но погледнете и неколку прекрасни тоалети кои можат да ви послужат за инспирација доколку наскоро и вас ве очекува некоја свадбена веселба.
Фото: Фејсбук/ Благој Бочварски
Фото: Фејсбук/ Благој Бочварски