Еве зошто сите се вртеа по Каролина во ова топ издание – се coблече и во КОСТИМИ ЗА КАПЕЊЕ, сите гледаат и не трепкаат!
Фустанот на Каролина е моден избор за секоја пригода…
Македонската дива и една од најомилените дами на нашата сцена покажа одлично издание за крајот на летната сезона.
Имено, фустанот во кој Каролина Гочева се фотографираше за објава на Инстаграм е полн погодок како за летните месеци, така и за преодниот период. Насмеана, ведра и расположена, таа ни покажа како ужива во септемвриското сонце, а за оваа пригода избра фустан во бела боја.
Во прашање е едноставен модел, со кратки, широки ракави, кој пејачката го зачини со својата прекрасна насмевка.
Таа на лицето носеше тренди очила за сонце, а нејзината коса беше пуштена, така што до израз дојдоа нејзините светли прамени.
Што се однесува до фустанот, Каролина овој пат избра модел кој може совршено да и стои на секоја жена, но воедно и ни покажа како треба да изгледа дама која сака да изгледа стилизирано и ги следи модните трендови.
Пејачката овој пат играше на картата на едноставноста, со која што никогаш не можете да згрешите кога е модата во прашање, и со ова свое прекрасно издание на многу дами може да им послужи како инспирација.
Белите фустани се таков хит што секоја девојка треба да има барем еден во своите плакари, а Каролина едноставно блескаше во нејзиниот софистициран модел.
Во слични изданија досега многу пати сме имале прилика да ги видиме и најпознатите светски ѕвезди, па во продолжение погледнете уште неколку идеи како и вие да носите ваквите фустани кои се одличен избор за крајот на летото.
Инаку, Каролина неодамна објави и една фотографија на која позира во костим за капење и ги воодушеви сите.
Таа тогаш уживаше на хрватското крајбрежје и на фотографијата што ја објави изгледа како на разгледница.
Таа позираше во кафеав костим за капење, а во центарот на вниманието беше нејзиното исончано тело.
Каролина која веќе со години е синоним за манекенска линија со ова свое издание никого не остави рамнодушен.
Коментарите и под оваа нејзин објава само се нижеа, и сите се согласни дека пејачката изгледа неодоливо.
Бонус галерија
Неколку бели фустани што ќе им стојат убаво на сите жени
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм