Грдоначалничката во издание во какво не сте ја виделе досега – фенси КОМБИНАЦИЈА и еден детаљ за кој сите зборуваат (фото)
Градоначалничката на Скопје се прошета во еден од нејзините омилени фустани на еден потполно нов начин.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и кога работи ужива или барем така изгледа на фотографиите на нејзината официјална Фејсбук страница.
Од нив можеме да видиме и дека Данела сака да носи облека во која се чувствува комфорно и удобно, но и во која секогаш изгледа шик. Таа сака елегантни и модерни комбинации, но никогаш не претерува кога е стилот во прашање, и секогаш успешно се обидува да остане во тренд.
Неа речиси секојдневно можеме да ја видиме во опуштени деловни изданија, но многу поретко во фустани.
Овој пат градоначалничката се прошета во опуштен, долг летен фустан, во зелена боја и со интересен цветен дезен, а целото издание го заокружи со удобни бели патики од кои не се одвојува во последно време.
Топлите летни денови на улиците на Скопје знаат да бидат поприлично напорни, па Арсовска одлучи на работа да се појави во фустан. Во прашање е модел со поприлично впечатлив бел цветен дезен и со кратки ракави, кој Данела наместо со сандали одлучи да го носи со патики.
Ваквите фустани изгледаат поприлично тренди кога ги комбинирате на овој начин, а совршени се и за преодниот период.
Што се однесува до патиките, Данела често можеме да ја видиме како ги носи, и секогаш изгледа одлично во нив.
Таа многу пати досега покажала дека патиките и во деловни изданија даваат мошне шик изглед што може да го носи секоја жена.
Во какви сé изданија имавме прилика да ја видиме досега, погледнете од галеријата во продолжение:
Фото: Фејсбук/ Данела Арсовска
Фото: Фејсбук/ Данела Арсовска
Фото: Фејсбук/ Данела Арсовска
Фото: Фејсбук/ Данела Арсовска
Фото: Фејсбук/ Данела Арсовска
Фото: Фејсбук/ Данела Арсовска
Фото: Фејсбук/ Данела Арсовска
Фото: Фејсбук/ Данела Арсовска
Фото: Фејсбук/ Данела Арсовска
Фото: Фејсбук/ Данела Арсовска
Фото: Фејсбук/ Данела Арсовска
Фото: Фејсбук/ Данела Арсовска
Фото: Фејсбук/ Данела Арсовска
Фото: Фејсбук/ Данела Арсовска