Ким Кардашијан и’ го краде стилот на Карлеуша, а таа пак на оваа МАКЕДОНСКА пејачка која се прослави во Ѕвездите на Гранд?!
Јелена Карлеуша никого не остави рамнодушен со новите фотографии на социјалните мрежи.
Таа овој пат немаше облека, туку деловите од тлото ги покри со специјална лента, со што предизвика лавина од коментари.
Но гледачите на музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“ веднаш воочија сличност помеѓу ова издание на Карлеуша и она на натпреварувачката од Македонија, Андријана Петрушовска, кога таа се појави со крилја.
Имено, шармантната Македонка која пред неколку месеци стигна до самото финале во споменатото шоу, во еден од своите последни настапи се појави само со бели излепени ленти, а целото издание го „заокружи“ со големи крилја со кои остави силен впечаток и ги воодушеви сите.
Интересно е и тоа што пејачката тогаш ја изведе песната „Инсомнија“ која е од Карлеуша и со својата генијална изведба стигна до самото финале.
По објавата на Карлеуша, многумина забележаа сличност, но и дека и двете изгледаат одлично во овие свои изданија.
За разлика од Андријана, Карлеуша избра малку посмело издание, што е и сосема очекувано кога станува збор за пејачка од која идеи често „позајмува“ и Ким Кардашијан..
Инаку Јелена деновиве ја изненади македонската публика со уште една своја необична модна комбинација.
Во прашање е креацијата што таа ја носеше за својот 44 роденден и со која позираше пред огромната торта.
Имено таа тогаш носеше креација од македонскиот дизајнер Златко Јовановски за кого прв пат дозна токму во шоуто.
Како Карлеуша изгледше и во ова свое издание, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша