Пејачката од Гранд ѕвезди поранешниот сопруг ја остави уште додека беше БРЕМЕНА – месец дена по породувањето изгледа пресреќно!
Пејачката Дада Мешаљиќ се породи пред месец дена
Младата Гранд ѕвезда веднаш по породувањето ја сподели првата фотографија од бебето и ги воодушеви сите.
„Ти благодарам за новиот и поубавиот почеток, Твојата мајка ти ветува едно убаво патување низ животот. Успеавме, Мерјам“, напиша тогаш Дада под преслатката фотографија со бебенцето со која никого не остави рамнодушен.
Таа сега повторно објави фотографија од малата Мерјам, и тоа точно месец дена од нејзиното раѓање.
Шармантната пејачка во пораката со емотивни зборови и го честиташе првиот месец и откри дека тоа биле најубавите денови во нејзиниот живот.
Пејачката објави и неколку фотографии од себе, а фановите беа воодушевени од тоа како изгледа месец дена по породувањето.
Потсетуваме, Дада беше учесничка во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ од кое се откажа заради бременоста.
Додека се натпреваруваше, во јавноста се појави како нејзиниот сопруг се забавува со нејзина колешка од натпреварот, Мелиха Имшировиќ.
Дада тогаш објави дека не сака да коментира на ова тема, но и дека со него веќе подолго време нема никаков контакт.
Таа реши да го прекине бракот и сака да се грижи за своето девојче, а по некое време се огласи и нејзиниот поранешен на Инстаграм.
Нејзиниот поранешен сопруг тогаш демантираше дека е заедно со Мелиха Имшировиќ, но и дека веќе подолго време не е со неговата поранешна сопруга, така што Мелиха никако не може да биде причина за нивната разделба.
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Инстаграм/ Дада Мешаљиќ
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд