Нашата позната фолкерка облече црвен кocтим за капење и ја подигна температурата – изгледа бpyтално, не и треба Фотошоп!
Елена Велевска позираше во костим за капење и покажа зошто важи за една од најзгодните дами во Македонија.
Познатата фолкерка Елана Велевска ова лето реши да доминира на социјалните мрежи. Таа за само неколку месеци ќе наполни 42 години, а на своите фотографии се уште изгледа како да е во лудите дваесетти.
Многумина се прашуваат како успева да изгледа вака убаво и покрај тоа што има три бремености зад себе, па го поплавија нејзиниот профил со лавина од коментари и комплименти на сметка на нејзиниот изглед.
По бурниот живот Елена се соочуваше и со проблеми заради разводот од таткото на нејзините деца.
Таа отворено зборуваше на ова тема и не крие дека тоа беше еден од најтешките периоди во нејзиниот живот, но кога ја гледаме на овие фотографии, очигледно Елена го пребродила овој период и сега е во друга „фаза“.
Таа позираше во црвен костим за капење и го покажа своето занесно тело, а нејзините фанови беа воодушевени од глетката.
Таа позираше со насмевка и очила за сонце на лицето, додека нејзиното раскошно деколте и убавите усни беа во центарот на вниманието.
Елена со ова издание го враќа црвениот модел на костим за капење во мода, кој пред неколку сезони беше хит и тоа најмногу благодарение на „римејкот“ на популарната серија со легендарната Памела Андерсон.
Велевска во овој костим за капење изгледаше совршено, а избра модел кој ги следи актуелните трендови и изгледа шик.
Во времето кога се прикажуваше серијата црвениот едноделен модел беше симбол на женственоста.
Но и денес не е ништо поразлично, посебно кога во него ќе заблеска една ваква прекрасна жена како што е Елена Велевска, на која и инаку страсните црвени нијанси и стојат одлично, во сите можни комбинации.
Погледнете ги и останатите нејзини изданија…
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска
Фото: Инстаграм/ Елена Велевска