Нашата позната пејачка се породи, на бебето му дадоа посебно име со НЕОБИЧНО значење – малиот Никола си доби братче!
Породувањето помина во најдобар ред…
Се породи Македонската пејачка која во последно време повеќе и е посветена на својата кариера како докторка.
Пејачката Симона Поповска се породи по втор пат и роди машко дете. Таа овој пат се породи по природен пат, а породувањето поминало во најдобар ред, пишува „Вечер.мк“ и додава дека мајката се чувствува одлично.
Таа и нејзиниот сопруг Крис Поповски со кого го имаат и синот Никола, на бебето решија да му го дадат името Стефан.
Пејачката на својот Инстаграм профил сподели неколку фотографии со кои ги извести своите следбеници дека таа и нејзиниот сопруг вчера по втор пат се остварија во улога на родители.
Тие веќе имаат еден син кој оваа година во мај месец наполни една година, а сега тој ќе има братче.
И бидејќи знаеја дека е бремена со машко дете, познатиот пар веќе го имаше избрано и неговото име.
Името Стефан е со грчко потекло, изведено од грчкиот збор стефанос што значи круна или венец. Името е длабоко вкоренето во христијанската традиција и важи за едно од најчестите имиња на светот.
Во христијанството венецот е симбол на надежта, вечниот живот и бесконечноста. Венците ги следат христијаните во текот на целиот живот. Многу деца уште на својата крштевка според традицијата носат венец на главата – како знак за нов почеток. Венец во многу обичаи добива и невестата на венчавката, а со венец се означува и последниот поздрав кога некого испраќаме од овој свет.
Под објавата на Симона следуваа бројни честитки, а како таа изгледаше во бременоста, погледнете во продолжение:
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива