Македонската Гранд ѕвезда откри што планира за свадбата – еве го и МОМЧЕТО што ја запроси, колешките и завидуваат (фото)
И додека веридбата беше само во кругот на најблиските, како што самата најави свадбата ќе биде поприлично раскошна.
Битолчанката Марија Груевска беше една од најинтересните и највпечатливите натпреварувачки што досега се натпреварувале во „Ѕвездите на Гранд“.
Таа наскоро треба да застане на лудиот камен, а како што пренесуваат медиумите, на свадбата ќе покани околу 600 гости.
Таа во интервју за Гранд.онлајн откри дека свадбата ќе се случи кон средината на август во еден манастир кој се наоѓа во близина на Битола.
Како што самата изјави, прославата ќе трае цели три дена и ќе даде сé од себе забавата да биде луда и незаборавна.
„Ги поканив сите оние со кои се натпреварував и уште десетина други кои се мои големи пријатели, а кои беа во Ѕвездите на Гранд. Се надевам дека и тие ќе се фатат за микрофонот покрај главниот бенд што ќе биде задолжен за веселбата, а тоа е ‘Молија џуниор’, кои исто така ми се големи пријатели“.
Што се однесува до венчаницата таа не сакаше да открива детали, но затоа го изјави и следново:
„Нема да ги ограничуваме луѓето само на тие три дена. Ако има неуморни, веселбата ќе ја продолжиме и во понеделник“.
„Се додека можеме да издржиме! Не се мажам секој ден“, заклучи младата Гранд ѕвезда за споменатиот медиум.
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска
Фото: Инстаграм/ Марија Груевска