Познатиот српски водител се разведува од својата сопруга со потекло од Македонија – сите шoкирани, ваков крај никој не очекуваше!
По десет години брак се разделуваат…
Моделот Даниела Димитровска Амиџиќ и ТВ водителот Огњен Амиџиќ одлучија да стават точка на нивниот брак.
Тие до ова одлука дојдоа по десет години складен брачен живот, па сите беа изненадени од нивното заедничко соопштение.
„Сакаме да ве известиме дека одлучивме да се разделиме, а одуката за разводот ја донесовме заедно. Ние ќе останеме во пријателски односи заради интересите на нашиот син, а во врска со ова повеќе нема да се огласуваме, ниту пак да даваме изјави“, пишува ви соопштението до јавноста.
„За нашиот развод не е виновно трето лице, па нема место за дополнителни шпекулации. Им се заблагодаруваме на сите медиуми на досегашната соработка и ве молиме да ја почитувате нашата одлука да не зборуваме на оваа тема“, пишува во нивното заедничко соопштение.
Веста одекна како гром од ведро небо, а брачниот пар со ова кратка изјава се огради од понатамошни изјави и објаснувања.
Но како што пренесуваа медиумите, детали за разводот иако се тајни, од една постапка на Даниела можеа да се предвидат.
Имено, Македонката веќе одамна на социјалните мрежи не објавува фотографии со сопругот, а нивното образложение беше дека сака да ја сочува својата интима.
Покрај ова, убавата манекенка неодамна од својот Инстаграм ги тргна сите фотографии со сопругот и со тоа на еден начин го наговести ваквиот крај, кој дојде ненадејно по десет години складен брак.
Даниела и Огњен се венчаа пред точно десет години, односно во 2012 година во Земун, кога на вечна љубов се заколнаа пред околу 250 гости.
Тогаш се случи и една интересна анегдота која и двајцата секогаш со задоволство радо ја прераскажуваа.
Имено, Даниела на свадбата носеше венчаница од рачна изработка, која што и пристигна од Шпанија.
Даниела тогаш едноставно блескаше, но една работа што случи ја извади од памет и постоеше опасност потполно да и го уништи целиот настан.
Имено, нивната свадбена торта со невнимание на шоферот залутала на некоја друга свадба, па водителот и манекенката задоцнија со нивниот прв заеднички залак. Оваа ситница тогаш убавата невеста ја извади од памет, но брзо се прибрала и продолжила со прославата за паметење.
Познатиот пар се запозна во јануари 2010 година, кога Даниела гостуваше во емисија кај водителот.
Тие потоа се сретнале надвор од деловните простории, а еднаш и во Њујорк каде што таа тогаш работеше. Емоциите се разбудиле, па водителот кој тогаш беше во брак со Милица Амиџиќ, се разведе, а манекенката ја заврши својата тогашна долгогодишна врска.
Тие потоа по една година врска се свршија во Турција, а во 2012 година ја направија и свадбата.
Но нивната љубовна приказна, за жал, ќе заврши по 10 годни складен брак, а ќе останат во добри односи заради синот.
Фото: Инстаграм/ Огњен Амиџиќ
Фото: Инстаграм/ Огњен Амиџиќ
Фото: Инстаграм/ Данијела Димитровска Амиџиќ