Нови свадбени фотоки од велешката Ким Кардашијан – овој детаљ шокиpaше, невестата го покажа своето вистинското лице!
Нашата позната фитнес инструкторка овој викенд му се заколна н вечна љубов на својот избраник.
Познатата блогерка и една од најпознатите фитнес инструкторки во Македонија, Ана Стојанова, ги воодушеви сите со своите фотографии од романтичната свадбена церемонија што ја направија покрај Охридското Езеро.
Таа овој викенд се омажи за својот избраник Кирил Јовчевски, со кого веќе неколку години е во врска.
Познатата фитнес инструкторка и инфлуенсерка која постојано објавува фотографии на социјалните мрежи за својата армија фанови, за својот приватен живот многу ретко зборува во медиумите.
Но затоа деновиве ги изненади сите со фотографиите од свадбената веселба, кои сеуште се вртат на социјалните мрежи.
Од фотографиите можеме да видиме дека таа промени две венчаници, а посебно внимание привлече што наместо високи потпетици носеше патики, но и провокативен фустан со кој никого не остави рамнодушен.
Имено, таа ја соблече елегантната венчаница и се појави во провокативно издание, а наместо сандалите од Џими Чу што ги носеше, облече бели патики и под фотографијата со екстравагантната венчаница напиша:
„Сега невестата ќе го покаже своето вистинско лице!“
Имено, гостите беа воодушевени кога ја видеа невестата во ова издание, посебно кога таа почна занесно да танцува.
Инаку, патиките за невести се хит веќе неколку сезони, а Ана очигледно не можеше да му одолее на овој тренд.
Во прашање е тренд кој на модната сцена се појави на голема врата, а многу девојки со раширени раце го прифатија и тоа од потполно оправдани причини. Имено тие се полн погодок за оние дами што сакаат да го истакнат својот весел и младешки дух, но и да бидат модерни невести.
Во нив ќе ви биде удобно и нема да мора да ги соблекувате, а веќе со години важат за голем и моќен тренд, така што не мора да се грижите како и дали ќе се согласуваат со фустанот што сте го избрале.
Нашата позната фитнес инструкторка очигледно знаеше да го избере идеалниот модел за себе, а како таа изгледаше, како и неколку модели на патики кои се совршени за невести, погледнете во галеријата што следува.
Бонус галерија
Патики за фенси невести
Alexander McQueen
Golden Goose
Alexandre Birman
Converse custom Chuck Taylor All Star
Nike
Monique Lhuillier
Valentino Garavani
Christian Louboutin
Stuart Weitzman
Golden Goose
Tretorn
Christian Louboutin
Chloè
Alexandre Birman
Veja
LovinCollection
Nike
Kets x Kade Spade