Гавазова ги распамети сите, никогаш не изгледала поубаво – „гopат“ СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ, изгледа како милион долари!
Нашата позната пејачка овој пат реши да го истакне својата женственост на еден малку поумерен начин.
Пејачката Сузана Гавазова објави нови снимки на Инстаграм и со своето модно издание никого не остави рамнодушен.
Пејачката овој пат одлучи да облече тесен фустан со впечатлив животински дезен и крој со кој ја истакна нејзината беспрекорна линија.
Во стилот на холивудските диви, познатата фолк-пејачка овој пат избра фустан кој ни сокрива, ниту пак открива премногу, но кога замеша со своето змиско тело пред камерата ги воодушеви сите и ги остави без здив.
Гавазова важи за една од најзгодните пејачки на нашата сцена, а нејзините објави секогаш не вадат од памет бидејќи покрај фотографиите на кои е во одлични комбинации, таа не ретко знае да покаже и како изгледа без облека, позирајќи во своите нови минијатурни модели на костими за капење.
Овој пат позираше во тесен фустан со кој го истакна секој детаљ на нејзиното тело, и изгледаше беспрекорно, и покрај тоа што ваквите животински дезени се и поприлично „тешки“ за носење на вистинскиот начин.
Имено со нив лесно можете да ја преминете границата и да изгледате евтино (посебно оригиналните бои на „леопард“ и „тигар“ дезените), но Гавазова очигледно знае како да остане во рамките на добриот вкус.
Инаку оваа сезона ваквите дезени повторно се во игра, и тоа не само на фустаните туку и на сите останати детали.
Излозите веќе ги красат и патики, кошули, панталони, здолништа, а неколку интересни примери, погледнете во продолжение…
Во прашање е тренд кој речиси секоја сезона се провлекува и важи за еден од омилените на многу познати дами.
Токму затоа покрај ова издание на Гавазова погледнете уште неколку идеи како и вие совршено да изгледате со овој популаен дезен кој не излегува од мода.
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Бонус галерија
Како да носиме „анимал принт“
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест
Фото: Пинтерест