Познатата Турчинка кажа „ДА“ на Охридското Езеро – невестата БЛЕСКАШЕ во необична венчаница, еве ги првите фотографии
Ебру Шахин и Џеди Осман се венчаа…
Кошаркарот Џеди Oсман кој игра за НБА тимот Кливленд Кавалирсе и за репрезентацијата на Турција, и Ебру Шахин што ја игра Акиз во новата хит турска серија „Дестан“, врската ја започнаа пред околу две години.
Тие веќе некое време се во свадбена гужва, а свадбата ќе се случи на 7 јул, во чешме, познато летувалиште во Турција каде што се запознале.
Тие вчера се венчаа покрај Охридското Езеро, а првите фотографии од венчавката веќе се хит на социјалните мрежи.
Познатата актерка привлече внимание со својата необична венчаница и стил, и никого не остави рамнодушен.
Еве ги првите фотографии од венчавката:
Познатата турска актерка и кошаркарот го привлекоа вниманието на јавноста со својата среќа, а се венчаа на интимна церемонија на која присуствуваа нивните најблиски пријатели и членови на семејството.
Сведоци беа Абдулах Булут и Окан Џан Јантир, блиски пријатели на Ебру и Џеди кои на венчавката се истакнаа со својата елеганција.
Тие најпрво пловеа со брод по Охридското Езеро, каде го кажаа своето судбоносно да, а потоа забавата ја продолжија во еден ресторан.
Откако Ебру ги објави првите фотографии од венчавката, честитки од пријателите и фановите не престануваат да пристигнуваат.
По венчавката во Охрид следува голема свадба во Чешме, која ќе се одржи на самата плажа на која што се запознале. Тоа ќе биде следниот викенд, а Ебру за медиумите изјави дека се уште не сака да дава никакви информации во врска со тоа.
„Нема да откриваме детали, нека биде тоа едно мало изненадување“, изјави актерката, а пренесе турскиот „Таквим“.
Што се однесува до тоа што ќе се случува со нивниот брак и каде ќебиде нивното љубовно гнездо, бидејќи кошаркарот игра во Америка, Ебру во една пригода откри дека не планира да се откаже од својата кариера, што значи дека ќе живеат на релација Америка – Турција, впрочем како и во изминативе две години откако се во врска.
Како започна оваа голема љубов
Како што пренесуваат медиумите, преубавата 26 годишна актерка го запознала својот иден сопруг на плажата во Чешме.
Тие се запознале благодарение на нивен заеднички пријател, а по некое време решиле да отидат заедно на вечера.
Ебру и нејзиниот една година помлад избраник тогаш се криеја од таблоидите, но по некое време решија да ја откријат нивната врска.
Тие и остатокот од летото го поминаа во Чешме, а често споделуваа и романтични моменти на социјалните мрежи.
Некои од нив погледнете тука >>
Ебру е воодушевена од Македонија
„Ова е најсреќниот ден во мојот живот. Кажавме ‘да’ на едно посебно патување со Џеди“, изјави актерката од Охрид.
Тие објавија и заеднички фотографии од венчавката кои веднаш добија илјадници лајкови од фановите ширум светот.
Ебру привлече внимание и со својата необична венчаница, додека Џеди беше фасциниран од нејзината убавина.
Спектакуларната венчавка се одржа во Охрид, а на веселбата можеа да се слушнат и македонски песни.
По оваа веселба тие планираат да направат свадба на плажата Чешме, во близина на Измир, каде што се роди нивната љубов.
Осман е роден во Охрид, од каде е и неговиот татко Турчин, додека мајка му е Босанка од Нови Пазар.
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин
Фото: Инстаграм/ Ебру Шахин