Генијален трик на Филиповска што треба да го проба секоја дама – водителката блескаше, цела плажа се вртеше по неа!
Водителката ни одржа лекција како да го носиме еден од најпопуларните трендови за оваа сезона…
Една од нашите најпознати и најубави водителки позираше на зајдисонце и покажа тренди „street style“ издание.
Водителката на „Се или нешто“, Лила Филиповска која е позната по својот неприкосновен шарм, овој пат избра елегантен фустан во смарагдно зелена нијанса кој го комбинираше со бели спортски патики, кои веќе одамна се апсолутен хит за топлите летни месеци.
Што се однесува до фустанот во прашање е макси модел, со длабок шлиц и горен дел кој потсетува на ноќница, а кој водителката го носеше со тенок црн ремен и тренди очила за сонце кои се нејзин заштитен знак.
Длабокиот шлиц ги истакна убавите нозе на водителката, додека тенкиот ремен половината, а смарагдната боја на фустанот совршено се вклопи со бојата на нејзината коса и ги истакна сите нејзините атрибути.
Таа со фустанот во оваа шик нијанса носеше и огрлица и часовник кои целата комбинација ја зачинија со доза елеганција.
Па, дали ви се допаѓа ова издание на Лила?
Патики и фустани – тренд за секоја дама
Според модните гуруа, патиките веќе одамна не се резервирани само за тренерки и хеланки, а ова издание на Лила Филиповска покажа дека и во комбинација со елегантни фустани можат да изгледаат спектакуларно.
Денешната мода не само што тоа го дозволува, туку на еден начин и го охрабрува – со лежерни модели да носиме спортски обувки и на тој начин да го заокружиме изданието на еден сосема нов, модерен и кежуал начин.
Што се однесува до Лила, таа тоа го направи маестрално, па следуваа голем број коментари на сметка на нејзиниот феноменален изглед.
Во продолжение погледнете уште неколку интересни идеи што можат да ви послужат како инспирација за овој тренд.