Македонската Моника Белучи позираше во костим за капење, но и со НАЈБАРАНИОТ модeн детаљ што секоја дама го обожава!
Најбараниот моден додаток кога се во прашање годишните дмори и топлите летни месеци…
Tатјана Стојановска веќе со години важи за една од омилените водителки во Македонија, а со својот изглед и модни комбинации секојдневно не инспирира и покажува дека не е тешко да се биде дотеран, и секогаш да изгледате убаво, па дури и кога ја газите петтата деценија од животот.
Познатата Македонка која често добива комплименти заради својата природна убавина и која многумина ја споредуваат со легендарната актерка Моника Белучи, неодамна ги спакува куферите и замина на одмор во Турција.
Таа таму позираше во опуштено издание, покрај тиркизното море, облечена во опуштена летна комбинација и со еден од најбараните модни додатоци за овој период од годината на кој можеби и вие веќе сте му фрлиле око.
Во прашање е шеширот што го носи, како и темните очила за сонце кои за многу жени се „маст-хев“ за топлите летни денови.
Инаку, од фотографијата што Татјана ја објави на Инстаграм може да се види дека беше на летување во Турција.
Од летувањето интересна фотографија сподели и нејзиниот партнер Михаил Китановски, а под неа напиша и една емотивна порака со која ги воодушеви сите.
„Се уште сум вљубен во тебе“, напиша тој под фотографијата на која Тања носеше црн костим за капење.
Бонус галерија
Модни додатоци за лето 2022
Инаку шеширот покрај тоа што ве штити од сонцето и изгледа убаво во секое издание, тој е и „маст-хев“ додаток за плажа, а ако сакате да се фотографирате со него ќе изгледате пофенси и многу полесно ќе направите креативна фотографија.
Покрај шеширот, идеален детаљ што остава префинет впечаток се и марамите, плетените торби, еспадрилите и огрлиците од бисери, но и накитот за нозе кој можете да го носите со сандали, еспадрили, балетанки, па и со патики.
Во продолжение погледнете уше неколку интересни модни додатоци за ова лето за кои се инспириравме од ова издание на нашата убава водителка, Татјана.
Марама
Шешир
Плетена торба
Ретро очила за сонце
ШОПИНГ ПРЕДЛОЗИ:
Mango
Mango
Mango
Manolo Blahnik X Birkenstock Sandals
Bottega Veneta Jelly Slingback Sandals
Gucci Double G Sandals
JW Anderson Striped Tote Bag
Prada Logo Raffia Tote
Chloé
Valentino Garavani Tan-Go Platform Pumps
Saint Laurent Kika Platform Sandals
D’Accori Belle Metallic Glossed-Leather Platform Sandals
The Row
Saint Laurent
Balenciaga Le Cagole Boots
Amina Muaddi
Loewe Embellished Leather Mules
Balenciaga