Спасен Сиљаноски го пушти својот глас и направи хаос на свадбата – МЛАДОЖЕНЦИТЕ се качија на масата, свекрвата највесела!
Фолкерот направи хаос кога се појави на сцената…
Еден од најпознатите и најбараните македонски фолк-пејачи Спасен Сиљаноски направи хаос кога го зеде микрофонот и го пушти својот препознатлив глас.
Пејачот беше најавен како специјален гостин на свекрвата и семејството за младоженците кои беа воодушевени од изненадувањето.
Имено, Спасен се појави и ја запеа „Девојченце љубиш ли ме мене“ и ја подигна атмосферата до максимум.
Гостите беа воодушевени додека Спасен им пееше на „увце“ на младоженците, кои заедно со него се качија на масата и пееја на глас.
Како изгледаше овој момент што и самиот Спасен го сподели на социјалните мрежи, погледнете во продолжение:
Фото: Принтскрин/ Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Инаку, Спасен важи за еден од најпознатите и најбараните македонски пејачи од помладата генерација.
Тој важи за скромен и доста емотивен човек, а оние што го познаваат за него велат дека е човек со големо срце подготвен да помогне секому.
Тој ја негува македонската традиционална песна и истите ги изведува со многу емоции, а понекогаш знае и да заплаче.
Публиката го обожава, а важи и за голем патриот кој својата љубов кон татковината не ја крие и многу често ја изразува и преку социјалните мрежи.
Тој е среќно оженет со сопругата Ана, за која вели дека е неговата најголема поддршка, а круна на нивната љубов се нивните деца.
Спасен е многу приврзан и за својата мајка, Јагода, која најчесто ги пишува текстовите за неговите песни.
Како тој изгледа во приватниот живот, но и на своите настапи, погледнете во продолжение…
Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски
Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски