Реклама
Наши ѕвезди

Лила и во шестата деценија изгледа како вистинска Барбика – ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА воодушевена од ова тесно издание на водителката!

Реклама

Ги засени колешките со својот изглед…

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Познатата македонска водителка Лила Филиповска секојдневно ги радува бројните фанови со своите интересни објави. Таа овој пат облече тесно фустанче во впечатлива розова боја, сандали со екстремно високи потпетици и тренди очила за сонце и позираше за своите фанови.

На почетокот од видеото убавата водителка седи на столче, со скрстени нозе, а во центарот на вниманието се нејзините сандали со екстремно високи потпетици за кои навистина ви треба храброст и вишок самодоверба.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Под видеото следуваа голем број коментари на сметка на нејзиниот изглед со кој потсетува на Барбика, а многу колешки можат да и завидуваат на нејзината линија, па дури и оние што се двојно помлади од неа.

Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска
Фото: Инстаграм/ Лила Филиповска

Шармантната водителка целото издание го „зачини“ со гламурозната чантичка во светла сина нијанса, а како изгледаше во ова издание, погледнете од фотографиите…

Маркетинг

Инаку, розовата боја е еден од водечките трендови за оваа сезона, а покрај фустаните можете да ја носите и на сите други парчиња облека и модни додатоци.

Многу познати личности веќе ја носеа на црвениот килим, а некои од нив блескаа од глава до пети со неа.

Но доколку се уште не сте го пробале овој тренд, не заборавајте дека можете да изберете само едно парче во оваа нијанса и повторно да блеснете. Без разлика дали станува збор за костим за капење, макси фустан, сандали или здолниште, изберете она што ви недостасува во плакарот во оваа боја и нема да згрешите. Повеќе од сигурни сме дека розовата ќе биде хит и во есенската сезона, но и дека ќе биде еден од најинтересните трендови за ова лето.

Во продолжение погледнете ја галеријата и пронајдете го вистинското розово парче за вас за оваа сезона.

LHD Vida dress

Valentino

Jacquemus

Cos wide-leg tailored trousers

La Ligne

Jade Swim Trophy swimsuit

Nensi Dojaka

Ganni

Maygel Coronel

Zara

Staud Rylie tiered nylon maxi dress

The Attico

The Attico

Eres Zephyr Ankara cotton-jersey maxi dress

Pleats Please Issey Miyake boat-neck technical-pleated top

H&M

Balenciaga

Retrofête Riri satin high-rise shorts

The Elder Statesman cashmere balloon sleeve cardigan

Commission Heather diagonal stripe pants

Reformation

Versace

Et Ochs drape asymmetric neck silk blouse

Aexae

Proenza Schouler

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button