Наши ѕвезди

Ја запозна во стриптиз бар! Првата ЖЕНА на Брега беше танчерка – детали за БУРНИОТ живот на славниот музичар

Advertisement

Брега првата сопруга ја запознал на свои 17 години!

ФОТО: Горан Бреговиќ / Инстаграм

Славниот мзуичар Горан Бреговиќ зад себе има и тоа како бурен живот, кој кога би се преточил во филм, сигурно би бил еден од најгледаните.

Advertisement

Од моментот кога како тинејџер се појави во светот на музиката, па се до сега е предмет на обожување на поубавиот пол, а жените се уште не можат да ги смират страстите по харизматичниот музичар кој наведува дека живее момчешки живот.

ФОТО: Горан Бреговиќ / Инстаграм

Во една прилика изјави дека страста кон жените му се родила со само 17 години, кога свирел во еден стриптиз бар и бил горд што има можност да види повеќе голи жени од сите негови врсници заедно, во тоа време.

Во тоа време, се сплеткал со извесна Јасенка, кој ја запознал додека свирел во стриптиз-клубот.

Advertisement
ФОТО: Горан Бреговиќ / Инстаграм

Од таа љубов се родила неговата прва ќерка Жељка, па така Брега во своите рани дваесетти години станува татко. Денес Жељка живее во Австралија и има две деца.

И половина век подоцна, покрај музиката, заведувањето и страста кон жените не стувнува.

ФОТО: Горан Бреговиќ / Инстаграм

Откако стана славен со “Бијело дугме”, со многуте убавици на јавноста не сакаше да и се фали, ама затоа пак тие се фалеа со него.

Првата јавна личност која не можеше да одолее на шармот на овој музичар е актерката Маја Сабљиќ, која призна дека за време на снимањето на филмот “Лични работи” во 1979 година, ја оставил без здив со својот став и става.Таа имаше само деветнаесет, а Бреговиќ десет години повеќе.

ФОТО: Горан Бреговиќ / Инстаграм

Во 80-тите, како новинар, Алка Вуица дојде во Сараево за да го интервјуира лидерот на “Бијело дугме” за загрепскиот магазин “Полет”.

Таа толку му се додворувала, што пред почетокот на разговорот, Бреговиќ наводно ѝ рекол: “Ти не дојде на интервју, туку да се мажиш”, што беше почеток на нивните јавни перепирки.

ФОТО: Горан Бреговиќ / Инстаграм

Во тоа време, многумина тврдеа дека постои некоја тајна врска меѓу нив, а наскоро Брега на Алка и го посвети и познатиот хит отпеан во дует со Бора – Чорба, “Pediculis pubis”, кој преведен од латински значи „срамни вошки“ или народски кажано „пицајзли“! Тогаш Алка многу му се налути и не зборуваше долго со Горан.

Музичарот во најголемиот зенит на славата не остана имун на најпопуларната манекенка во тогашна Југославија, Лилјана Тица, со која се забавуваше две години. Тие отворено зборуваа за нивната љубов во јавноста.

ФОТО: Горан Бреговиќ / Инстаграм

Меѓутоа, по разделбата, манекенката откри дека врската била многу бурна и турбулентна и истакна дека таа била љубоморна и посесивна.

Во спомен на оваа љубов, Брега и ја посвети песната “Битанга и принцеза”. Неколку години подоцна, Лилјана се омажии со богат Германец и ја напушти земјата.

ФОТО: Горан Бреговиќ / Инстаграм

Кога на Бреговиќ му здодеаа излетите, тој одлучи да се смири и да се скраси, па во 1993 година се ожени со Џенена Суџука, со којa сега има три ќерки.

 

 

ФОТО: Горан Бреговиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Горан Бреговиќ / Инстаграм

 

 

ФОТО: Горан Бреговиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Горан Бреговиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Горан Бреговиќ / Инстаграм

 

ФОТО: Горан Бреговиќ / Инстаграм

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button