Пораката на Јулија за пoчинaтaта ќерка Андријана ги потpecе сите – фотографии и емотивни зборови од кои ќе ви се наcoлзат очите!
Ќерката на Јулија Мациевска почина од тешка болecт…
Познатата пејачка и водителка Јулија Мицаева поминува низ најтешкиот период во животот откако остана без својата ќерка.
Не поминува ни миг, а таа да не помисли на својата ќерка која многу млада замина од овој свет.
Познатата водителка и пејачка која на почетокот на овој месец ја изгуби својата ќерка која болeдуваше од raк на социјалните мрежи сподели неколку нејзини фотографии со кои никого не остана рамнодушен.
Таа е нејзиниот ангел и секогаш ќе биде во нејзините мисли. Никогаш нема да ги заборави најубавите мигови што ги поминале заедно, а на еден таков деновиве се потсети благодарение на социјалните мрежи.
„На денешен ден пред 3 години, моето Ангелче Андријана блескаше со своите дела Женски приказни на самостојната изложба во Неготино“, напиша Јулија под фотографиите што ги објави на Фејсбук.
Таа објави и неколку песни и стихови напишани и посветени на Андријана од неколку нејзини пријателки писателки.
Јулија пред само неколку дена објави и фотографија од својата внука, на која пред три дена и беше роденден, а под фотографијата објави и порака со која ги разнежни своите бројни фанови.
Среќен роденден Стефанија Начевска, сонце мое, љубов моја, радост моја. Мое силно, храбро, паметно девојче, ти благодарам што постоиш, ти благодарам што учам од твојата младост, од твоите нежни години, од твојата искреност, свесност, едноставност.. а сето тоа те прави толку Величествена, убавице бабина.
„Мами Ан денеска се радува за тебе и ти ја посакува најубавата порака, која ти сигурно ќе ја разбереш и пак ќе се гушнеме трите заедно и ќе му благодариме на Бога за овој дар што те имаме. Ти знаеш колку си сакана и што моето срце ти посакува. За мене е доволно таква каква што си, сине мило. Слави го животот со благодарност кон Бога и сé ќе биде добро, нема за што да се грижиш. Ќе бидеш среќна“, напиша Јулија под една фотографија од својата прекрасна внука.
Нејзината внука порасна во прекрасна девојка и е актерка, а неодамна гордата баба сподели фотографии од нејзината претстава.
Инаку, мајката на Стефанија, Андријана, по две години борба со тешката болecт на крајот ја изгуби битката. Болecта прв пат и беше дијагностицирана во 2020 година, кога нејзината мајка, Јулија, на социјалните мрежи реши да ја сподели тажната вест со нивните бројни фанови.
Од тогаш Јулија редовно споделуваше со своите пријатели за состојбата на Андријана, која по едно време и се подобри ситуацијата. Но за жал, пред извесен период болecта повторно и се врати и нејзиниот ангел, иако се боpeше како вистинска лавица, не успеа да ја добие биткaта.
Фото: Инстаграм/ Јулија Мациевска
Фото: Инстаграм/ Јулија Мациевска
Фото: Инстаграм/ Јулија Мациевска
Фото: Инстаграм/ Јулија Мациевска
Фото: Инстаграм/ Јулија Мациевска
Фото: Инстаграм/ Јулија Мациевска
Фото: Инстаграм/ Јулија Мациевска
Фото: Инстаграм/ Јулија Мациевска
Фото: Инстаграм/ Јулија Мациевска
Фото: Инстаграм/ Јулија Мациевска