Реклама
Наши ѕвезди

Првиот бакнеж на младиот министер Бочварски и детали од венчавката – новопечената невеста избра романтика наместо пpoвокaција!

Реклама

Министерот се ожени со својата 12 години помлада избраничка…

Фото: Фејсбук/ Благој Бочварски

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски овој викенд „рипна во тавче“ и ја ожени неговата девојка Маринела Серафимова.

Благој е роден во Штип, каде заврши основно и средно училиште, а ќе дипломира на Архитектонскиот факултет во Скопје.

Маринела која е 12 години помлада од него исто така е од Штип и е дипломиран доктор по општа медицина.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Благој Бочварски

Министерот кој ретко објавува фотографии од својот приватен живот својата девојка ја запроси по една година врска.

Маркетинг

Тој тогаш ги изненади сите со прекрасната вест, а сега првите фотографии од свадбата ги сподели Андријана Николовска, сопругата на министерот за земјоделство, Љупчо Николовски. По некое време и Бочварски сподели фотографии…

Фото: Фејсбук/ Благој Бочварски

Од фотографиите можеме да видиме дека 26 годишната Маринела изгледа прекрасно во преубавиот невестински фустан.

Фото: Фејсбук/ Благој Бочварски

Невестата за најважниот ден во животот избра бајковит фустан за кој уште долго време ќе се зборува.

Фото: Фејсбук/ Благој Бочварски

Фото: Фејсбук/ Благој Бочварски

Фото: Фејсбук/ Благој Бочварски

Таа едноставно пленеше во белиот фустан, со долги и широки ракави, и со венче на главата, додека Бочварски носеше класичен костум.

Инаку Бочварски кој до скоро беше еден од најпосакуваните ергени меѓу политичарите во Македонија, веќе две години седи во министерската фотелја. Тој во 2016 година беше избран за пратеник во Собранието, а од 2017 година станува градоначалник на Штип, се’ до парламентарните избори во 2020 година, кога од 30 август почнува да ја извршува министерската функција.

Фото: Инстаграм

Од бајка до пpoвокација

Овие неколку фотографии од министерот Бочварски и неговата шармантна избраничка ни послужи како инспирација да се потсетиме на тоа како изгледаат оваа сезона најважните фустани во животот на секоја дама.

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Од она што можевме да го видиме на голема врата се враќаат цветните детали, бајковитите везови, тантелата па дури и пердувите , а некои од најубавите модели за 2022 година погледнете во продолжение:

Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм

Палетата навистина е раскошна, а дизајнерите оваа сезона акцентот го ставаат на романтиката, односно на минимализмот.

Фото: Инстаграм

Кристалите и пердувите гарантираат дека најважниот фустан во животот на секоја девојка ќе биде она за што долго време ќе се зборува. Откриената биста и долгиот вел ставаат акцент на горниот дел од телото, а провокацијата е ублажена со долги ракави кои го покриваат секој милиметар кожа.

Погледнете ги и останатите модели:

 

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Фото: Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button