Раскошно тeлo во минијатypен кocтим за капење – убавата скопјанка во провокативно издание за кое зборуваат сите на Инстаграм!
Органџиева во костим за капење…
Познатата скопска инфлуенсерка Агнеса Органџиева реши да си ги наполни батериите, па отпатува во Грција.
Русокосата дама уживаше на убавата плажа Лагомандра во Грција, а со неа и сите што ја следат на социјалните мрежи.
Имено, таа објави неколку фотографии и снимки од ова место што се наоѓа во близина на Неос Мармарис, како ужива покрај морето, а посебно внимание привлече со оние на кои е во своите тренди костими за капење.
На една од снимките што ги објави оваа русокоса дама, таа се шета покрај морето, облечена во црвена наметка и костим за капење, при што во центарот на вниманието беше нејзиното прекрасно тело што успева да го одржи во форма иако е горда мајка на две прекрасни ќерки.
Но и покрај тоа што е мајка, таа со секоја своја објава предизвикува внимание на социјалните мрежи, а многумина секогаш коментираат дека изгледа божествено, посебно кога е во вакви провокативни изданија.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
А дека тоа навистина е така покажува и бројката од преку 50 илјади следбеници на Инстаграм која секојдневно се зголемува.
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Фото: Инстаграм/ Агнеса Органџиева
Инаку, Агнеса откако ги спакува куферите и замина во Грција, објави и неколку фотографии од хотелот во кој престојуваше.
Сепак најмногу внимание привлече со нејзиното женствено летно издание со кое блескаше покрај морето.
Па доколку ви е потребна инспирација за удобна и женствена модна комбинација, совршена за одмор покрај море, погледнете ги следниве неколку идеи за кои се инспириравме од ова летно издание на Агнеса.
Во прашање се едноставни и лежерни парчиња и модни додатоци од летните колекции со кои ќе привлечете внимание.
Тие се совршени за прошетка покрај море и одење на плажа, а на прво место секако ни се наметките што се виорат на ветерот.
Панталони со пролетни шари, или преку костимот за капење, шешир и очила за сонце исто така се маст-хев за летните денови поминати на плажа, како и неодоливите плетените фустани кои и оваа сезона се ИН.
Погледнете ги и останатите инспиративни идеи и ова лето уживајте на вашиот годишен одмор, каде и да сте.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм