Таа ми беше се, а на крајот не ме препозна! Голема трагедија во домот на Милица Павловиќ – пејачката во големи болки!
Трагедија во домот на Милица Павловиќ!
Бабата на Милица починала по долгата борба со Алцхајмеровата болест.
На пејачката таа и била се,таа и дедо и , кој почина пред две години, а во својата исповед недоамана зборуваше за односот со неа.
– Мојата баба за мене беше пример за една неверијатна силна, чесна и најпрекрасна жена на светот.
Ме научи дека низ животот треба да одам со крената глава, и важно е да бидам чесна и лоална, бидејќи само така можеме да бидеме задоволни со себе кога ќе падне ноќта и кога ќе си легнеме во кревет.
Нејзината животна приказна е многу емотивна, како мала била слуга во богата куќа и работела само за леб и вода, но тоа не ја направило да биде лош човек, туку ја научило да ги цени вистинските вредности и се што добива од животот.
Често ми велеше дека јас сум и подарок од небото поради се што преживеала во младоста, и дека животот и врати со мојот успех и ја наградил се што таа пропатила во младоста. Пораснав покрај таа жена, учев од неа и мислам дека тоа е мојот најголем животен благослов.
Пејачката се присети и на нејзинио дедо, кој имаше голема улога во нејзиниот живот.
– Се се смени, откако него го нема. Додека беше жив, баба ми и дедо ми беа нон стоп заедно, и бев многу безгрижна во животот.
Пејачката исто така се присети дека нејзинот дедо и го купил првиот фустан.
Пејачката тажната вест ја сподели на социјалните мрежи со емотивна порака:
– Еве признавам срцето ми крвари. Ми крвари, зошто би сакала да можев нешто да направам… Не е до тебе, не е до мене. Не е до нашата волја.
Себична сум, бидјеќи те сакав за себе, да бидеш секогаш тука, да ти ги бакнувам твоите раце… Лесно му е на оној кој не те познавал, но јас имав привилегија да ми бидеш ти наменета во животот.
Ти, личноста која ја имаше најчистата душа која некогаш одела на оваа планета. Која е најубава баба? Моја Рада. Го посвети целиот живот на другите.
Иако си пораснала како слуга во богато семејство живеејќи за парче леб и кров над глава, тоа тебе те направило најдобра…., вака гласеше емотивната порака на Милица за нејзината баба која пред неколку дена го напушти овој свет.
ФОТО: Милица Павловиќ / Инстаграм
ФОТО: Милица Павловиќ / Инстаграм
ФОТО: Милица Павловиќ / Инстаграм
ФОТО: Милица Павловиќ / Инстаграм
ФОТО: Милица Павловиќ / Инстаграм
ФОТО: Милица Павловиќ / Инстаграм
ФОТО: Милица Павловиќ / Инстаграм
ФОТО: Милица Павловиќ / Инстаграм
ФОТО: Милица Павловиќ / Инстаграм