Цеца и Анастасија во издание за кое уште долго време ќе се зборува – ПPOВОKAТИВНО дeколте и чизми што се вистински хит!
Едно од најубавите изданија во кое сме ги виделе досега
Ќерката на Светлана Цеца Ражнатовиќ, Анастасија, важи за млада дама која никогаш не греши кога е стилот во прашање.
Младата пејачка која пред неколку години започна да ја гради својата музичка кариера деновиве беше во центарот на вниманието заради нејзината нова љубов – фудбалерот Немања Гудељ кој игра за Севиља.
Но покрај нејзиниот емотивен живот, таа е и дама која каде и да се појави секогаш привлекува внимание, а нејзините модни комбинации што ги носи дефинитивно можат да се мерат со најпознатите светски ѕвезди.
Впрочем така беше и овој пат кога ќерката на најпознатата фолк-пејачка на Балканот на отворањето на својот салон во Белград се појави во модерна и кратка розова јакна која ја носеше префрлена преку рамениците, а под неа имаше фустан со асиметрични отвори во пределот на ребрата.
Анастасија целото издание го заокружи со ефектни чизми кои одлично се вклопија во целата комбинација и пејачката во нив изгледаше како милион долари.
Инаку, Анастасија пред неколку месеци ја лансираше својата козметичка линија, а сега го отвори и салонот.
Пејачката на отворањето пристигна видно расположена, па цело време не ја тргаше насмевката од нејзиното убаво лице, а со комбинацијата што ја носеше ја истакна својата беспрекорна линија во преден план.
Младата пејачка е позната како некој што ја следи модата, а овој пат се определи за две впечатливи бои- розова и виолетова.
Малиот виолетов фустан со интересни прорези во пределот на половината таа го носеше со кратка розова кожна јакна и чанта во иста нијанса, а целото издание го заокружи со уникатни длабоките чизми.
Инаку, новиот салон на Анастасија се наоѓа во населбата Врачар, а на отворањето беше и нејзината мајка, Светлана Ражнатовиќ. Таа е нејзината најголема поддршка и цело време се труди со своето знаење и совети да и помогне како во кариерата, така и во бизнисот.
Познатата мама носеше малку посведена комбинација – црно-бел комбинезон со провокативно деколте, а целото издание го заокружи со мала црна чанта и црн ремен со кој дополнително ја истакна својата витка фигура.
Како изгледаше и таа погледнете во продолжение:
На крајот од галеријата погледнете и како изгледаше снаата на Цеца, Богдана Ражнатовиќ, која исто така беше на отворањето на салонот.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм