Цеца неодамна раскина со Богдан, а сега откри дека била на вонтелесно оплодување – пејачката откри нешто што никој не го знаеше!
Ова речиси никој не го знаеше за неа!
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ овој велигденски празник ги отвори вратите од својата раскошна вила во Белград и откри детали за неа кои досега никој не ги знаеше. Таа зборуваше за своите најмили, а истовремено и’ се заблагодари и на големата посветеност на својата сестра Лидија.
„Вељко го посакував многу, имав и процес да го добијам, бев на вонтелесна, не чекав да се случи. Имав огромна помош и од сестра ми и од мајка ми, а Анастасија кога ја добив бев како мајка“, ја почна Цеца приказната.
„Не дресираше сите како војска, не спиеше никако, одвај чекав да почне да оди, растеше како од вода, а и беше тежок како камен. Го научив да го заспивам на рацете, па и ќе го спуштам да ужива. Тој беше енергично дете, немирно, да можеше и на лустерот ќе се качеше. Но беше добар, не кршеше нешто намерно, само беше палав“, раскажа Цеца за своето прво дете, па и се заблагодари и на сестрата Лидија Оцокољиќ која цел живот е покрај неа.
„Имавме идентичен модел на воспитување, се знаеше што се смее што не. Тие двајцата, Лидија и Вељко, посебно се сакат. Тој е приврзан за мојата сестра. На мене сестра ми го посвети животот, се подреди на мојот живот, ретки се таквите сестри. Ние никогаш не сме се разделиле. Можеби во една пригода, на помалку од година дена“, изјави пејачката.
Таа исто така откри и дека нејзината мајка била просветен работник и дека е строга на неа кон своите деца.
„Мајка ми кон нас двете беше многу строга. Ништо не ни беше дозволено. Кога сите излегуваа, ние се враќавме. Но несе буневме“ вели таа.
Инаку, популарната пејачка пред само неколку недели се раздели од младиот бизнисмен Богдан Срејовиќ со кого, по една година љубов, решија да раскинат, но останаа во добри односи.
Бонус галерија
Цеца во мало црно фустанче
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ