Клара е копија на својата баба – Сузана Спасовска блеска кога е со ВНУКИЧКАТА, и двете пресреќни кога се гушкаат и дружат
Внуката на Сузана Спасовска (57) ги освои срцата на следбениците на социјалните мрежи.
Внуката на Сузана Спасовска, малата Клара, има посебно место во срцето на нашата фолк-пејачка.
Сузана важи за личност која е многу приврзана за семејството и семејните вредности, па никој не е изненаден кога ќе објави емотивна порака за својата внука или ќерка.
Колку популарната пејачка е среќна во својата нова животна улога сведочи и нејзината песна „Бабо, Бабо“ која минатата година ја изведе на Лешочкиот Фолк Фестивал.
Песната е подарок за нејзината внука, но и за сите среќни бабички и нивните внучиња, како што самата соопшти на Фејсбук.
Сузана тогаш објави и преубава фотографија на која е со својата весела внукичка, а многумина и порачаа дека пејачката блеска додека ја држи малата Клара во прегратките, но и дека таа е нејзина копија, како и нејзината ќерка Теона која исто така многу потсетува на неа.
Теона е во среќен брак со Виктор Велковски кој ја запроси во јануари 2019 година. Свадбата беше убава и весела, а покрај невестата во центарот на вниманието беше и нејзината мајка која цело време играше и пееше.
Како што во една пригода раскажа за нашите медиуми, Сузана цела вечер не спиела од возбуда додека чекала да се породи нејзината ќерка. Таа цели три дена не спиела и будна го пречекала новото поглавје во животот, а заради мерките за заштита и пандемијата, не била на Клиника, туку седела дома и чекала да и се јават кога ќе се роди бебето.
„Прво плачев од неизвесност, а кога веќе ми се јавија дека Клара се родила и дека сé е во ред, продолжив да плачам од среќа“, изјави Спасовска своевремено за „ММС“ и додаде дека од тој ден има и најголема желба, а тоа е да стане среќна и таа како и нејзината мајка, да дочека да стане пра-баба.
Инаку, за разлика од својата позната мајка, Теона не тргна по нејзините стапки и многу ретко се експонира во јавноста.
Таа е природна убавица која ги воодушеви сите кога се појави во спотот на Сузана, снимен за песната „Дали знаеш ти“.
Теона е доста активна и на социјалните мрежи, каде често споделува и фотографии од нејзиното семејство.
Од фотографиите можеме да видиме дека за многу брзо време по породувањето го вратила својот стар изглед, но и дека ужива во мајчинството.
Секако дека целото внимание на овие фотографии го одзема малата Клара која е преслатка и која никого не остава рамнодушен.
Фото: Фејсбук/ Теона Спасовска Велковски