Најголемата македонска „Гранд ѕвезда“ конечно откри зошто го крие ЉУБОВНИОТ ЖИВОТ и дали е во врска со неговата колешка
Македонката „Гранд ѕвезда“ Огнен Здравковски неодамна ја објави новата песна „Душа“ со која ги воодушеви сите.
Како што самиот изјави деновиве во интервју за порталот „Гранд.онлајн“, во неговата песна може да се пронајде секој што е вљубен или на кого му фали љубов.
Но и покрај тоа што објави прекрасна љубовна балада, младиот пејач не сакаше да открие што се случува со неговиот емотивен живот, посебно затоа што смета дека во јавноста треба да се претстави со нови песни и својот глас.
Што се однесува до неговиот приватен живот, Огнен би сакал некои работи да останат само за него, далеку од очите на јавноста. Тој неодамна зборуваше искрено и за натписите дека е во врска со Лина Пејовска, кога откри дека се само блиски другари, колеги и соработници.
Инаку, последната песна на Огнен е наменета за српскиот пазар, а спотот за неа е снимен во Белград.
Во спотот се појавува српската манекенка Невена Гичевиќ, а истиот е сниман и во ресторанот на Саша Ковачевиќ.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски
Фото: Инстаграм/ Огнен Здравковски