Карлеуша во најнеобичниот фустан што сме ја виделе досега, а под него – НИШТО! Вакво НЕШТО само таа може да носи и да блеска
Повторно во центарот на вниманието
Јелена Карлеуша и овој пат никого не остави рамнодушен со своето екстравагантно издание на Инстаграм.
Познатата поп-пејачка повторно ги помести границите со необичната креацијата што ја носеше и им ја распали фантазијата на сите.
Имено, пејачката позираше во крајно пpoвокативен фустан, а во центарот на вниманието беше нејзиното бecпрекорно тeло. Во прашање е впечатлива креација која речиси целосно ја открива едната половина на нејзиното тeло, додека од другата страна изгледа како костим за капење.
И бидејќи под него не носеше ништо, на Јелена под фустанот и се познаваше речиси секој детаљ.
Следуваа бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед, а сите беа согласни дека изгледа како од друга планета.
Инаку, Јелена и само еден ден претходно ги изненади своите фанови со уште едно свое провокативно издание.
Имено, таа за промоцијата на новиот албум на Милица Павловиќ се појави во „макси“ фустан со животински дезен со кој исто така никого не остави рамнодушен. Фустанот беше зачинет со златни синџири, а пејачката и целото издание го заокружи со златни детали.
Како Јелена Карлеуша изгледаше и во овој необичен фустан, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша