Еве колку чини чантата што Карлеуша ја носеше на судењето со ПОРАНЕШНИОТ ФУДБАЛЕР кого го пријави за нacилcтво!
Конечно разврска на судскиот процес што Јелена Крлеуша го покрена против својот сопруг, Душко Тошиќ.
Веќе со години се шушка дека бракот на познатата пејачка Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ е на лабави нозе, а овие гласини станаа се почести посебно откако пред неколку месеци пејачката ги пријави својот сопруг за насилство во семејството. Тогаш судот на Тошиќ му изрече мерка за забрана на приближување во времетраење од месец дена.
Инаку тие на лудиот камен застанаа во 2008 година и до пред неколку години важеа за складен пар и многумина можеа само да им завидуваат на големата љубов. Тоа впрочем може да се забележи и од нивните интервјуа од тоа време, а своевремено Тошиќ го изјави следново:
„Доволно е само да ја погледнете мојата жена и да сфатите дека животот со неа е се само не обичен. Кога навечер ќе ми заспие на рамото, полека ќе ја откријам и ќе си кажам на себеси: ‘Душко, ти си еден среќен човек. Мојата жена и по две породување има тело како модел.
„Не знам како тоа успеа да го направи тоа, посебно што никогаш ниту трча и јаде се што дебелее“, изјави своевремено Душко Тошиќ.
„Јелена е вистинска лавица, таа сé работи со срце. И кога се кара со мене, подеднакво е опасна и неодолива како кога ми се умилкува како мачка. А навистина знае да биде опасна! Но, јас знам со неа, не грижете се“, изјави Тошиќ.
Пејачката стави точка на драмата со Тошиќ
Инаку, Јелена Карлеуша вчера се појави пред судот каде беше сослушана во врска со драмата што за Божиќ се одвиваше во нејзиниот дом – кога сопругот Душко Тошиќ, наводно ја нападнал по расправија.
И земајќи го во предвид мислењето добиено од Градскиот центар за социјала работа, како и изјавата на пејачката, обвинителството донесе одлука против славниот фудбалер да не покренува кривична постапка, објавија медиумите.
Јелена пред судницата се појави во син фустан до колена, а во рацете ја носеше својата ултра скапа Биркин чанта.
Во прашање е престижната Хермес Биркин чанта која е рачно направена од кожа, а која името го добила од Џејн Биркин. овој модел веќе со децении преставува статусен симбол и кралица на сите чанти, а што се однесува до цената, таа варира во зависност од материјалот што е направена, а тоа, грубо речено, би било некаде помеѓу 10 и 150 илјади долари.
Треба да се спомене и тоа дека чантите во бутиците на популарниот бренд пристигнуваат во неодредени термини и само во ограничени количини, така што за нив популарниот бренд има создадено вистинска фама.
Карлеуша во своите плакари има неколку слични примероци, а ист ваков модел во кафеава боја има и Цеца Ражнатовиќ.
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша