Презентерот на временска на „Сител“ со неколку збора го опиша македонскиот народ: „Еден ГOЛ, и сите ПРЕСРЕЌНИ“
Презентерот на временска прогноза на „Сител“ со неколку збора го опиша македонскиот народ.
Македонија е сè уште под импресии по вчерашната победа над Италија, па социјалните мрежи вријат од коментари, фотографии и пораки по тој повод.
Голот на Александар Трајковски и играта на македонските лавови им донесе радост на сите Македонци, па за момент сите заборавија на кризата, парите и сиромаштијата и сите заедно славеа.
Спасе Јовановски кој долги години е пријател со Лила Филиповска и во моментот е презентер на временската прогноза на Сител напиша:
– Гледаш колку мааалку му фали за среќа на овој напатен народ. Еден ГОЛ, и сите ПРЕСРЕЌНИ! Сите ко за момент да заборавија на грижите, коро ната, сиромаштијата, гладта, бензинот, зејтинот …
А замисли, само замисли, минимална плата да биде 500 евра! Тогаш луѓето би се замарале само со ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА и каде би отишле на викенд … Ех … Што би рекла Дорис Драговиќ „Мало ми за сричу триба“ напиша Спасе.
Слободно може да се каже дека ова е една од највистинитите пораки кој навистина би се согласиле многумина.
Спасе уште го знаат и како Спасе-„Рола“, или „Рола до бола“, прекар кој веројатно самиот си го дал себе си. Или барем така јавно тврди токму на социјалните мрежи, поточно на својот Инстаграм профил.
Со Лила често одат на патувања и секогаш знаат како да ги споделат своите искуства од патувањата со своите фанови на Инстаграм.
Неговата пријателка и колешка денес важи и за една од најпопуларните жени од Македонија на Инстаграм, а за нејзината популарност поприлично виновен е и тој, кој „стои“ зад многу нејзини фотографии .