Нашата водителка во досега невидено издание- се расоблече и ги запали социјалните мрежи
Познатата водителка се расоблече, па покажа повеќе од тоа што сме навикнати да ја гледаме.
Освен водителка таа е и позната инфлуенсерка која на својот Инстаграм профил рекламира повеќе познати брендови, па секојдневно споделува по нешто ново.
Со мотивациски пораки, патувања, книги и интересни и модерни стајлинзи Јелена Спенџарска секојдневно успева да го задржи вниманието на своите фанови.
Јелена секојдневно ја гледаме на утринската програма на Канал 5 каде секој ден во ултрамодерни комбинации им го разубавува денот на гледачите.
Овојпат таа на својот инстаграм профил реши да сподели неколку фотографии и видеа во издание какво што не сме навикнати да ја гледаме.
Односно се расоблече во долна облека и направи неколку интересни видеа и фотки на кои никој не остана рамнодушен.
Јелена Спенџарска важи за една од најпознатите и најатрактивните македонски водителки, која и те како води сметка за својот изглед. Таа е една од оние што му немаат потклекнато на трендот на естетски зафати, па и понатаму го негува својот природен изглед.
Со оглед на тоа нема сомнеж дека овие фотографии се рај за очи за многумина, па нејзините фанови не се штедеа и на комплименти.
Повеќе од очигледно е дека здравата исхрана, редовните тренинзи, но и добрите гени си го направиле своето.
Јелена во неколку наврати ја има покажано и нејзината мајка која изгледа неверојатно и младо, речиси како да се сестри.
Инаку, Јелена важи за голем поддржувач на природниот изглед, па неретко преку социјалните мрежи на им порачува на жените да се сакаат онакви какви што се.
„Медиумите секој ден креираат некоја илузија за тоа како треба да изгледа женското тело и ние се фрливме на диети, гладување теретани, приватни инструктори, пребарувања по нет кое е тоа магично апче што ќе нè направи да изгледаме како девојките од списанијата.
Тоа треба да го направиме за СЕБЕ, а не да им се допаднеме на другите. Затоа и ја прифатив понудата да бидам дел од кампањата на #mysfswimbody, да се охрабрам да облечам костим за капење без да си најдам триста недостатоци, да се погледнам во огледало и да си речам WOW!“ напиша Јелена во една пригода и додаде:
„Не се залажувајте дека јас сум слаба, па мене се ми стои, за какви недостатоци зборувам?! Искрено, посакувам подолги нозе, топ за*ник, топ дефинирани стомачни … листата е долга! Ама па … од друга страна … јас сум ова! Каква сум-таква сум! И прекрасна сум си“ пишува таа.