Реклама
Наши ѕвезди

Беше една од најпознатите актерки во Турција, а ја обожаваа и во МАКЕДОНИЈА, но заради болест мораше да ја промени професијата!

Реклама

Еве како изгледа денес главната актерка од популарната турска серија „Девојката со име Фериха“.

Фото: Принтскрин

Хазал Каја веќе со години е една од најдобро платените турски актерки од помладата генерација.

Таа за главната улога на Филиз во серијата „Наша приказна“ беше платена по 22500 евра од епизода, а омилено лице е и за реклами, па така само во една реклама за детергенти во која што глумеше со својата мајка Ајшеѓул, која што е адвокатка по професија, заработила илјадници евра,

Маркетинг

Шармантната актерка само во текот на претходната година како заштитно лице на позната турска фирма за сапуни „Lux Arabia“ заработила преку два милиони долари.

Фото: Принтскрин

Публиката во Македонија ја знае и по улогата во серијата „Девојката со име Фериха“ од 2011 година каде глумеше сиромашна студентка која порасна опкружена во луксуз и која се обидуваше да се вклопи во богаташкиот свет. Таа тогаш заради својот тажен живот полн со насилство, им стана симпатична на публиката на Балканот, но сред снимањето ги шокираше сите кога ненадејно одлучи да го прекине договорот и ја напушти серијата.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

По оваа нејзина одлука, кариерата започна да и се движи по удолна линија, а пет години подоцна се запиша на курс по кулинарство.

Фото: Принтскрин

Во 2020 заплови во брачните води со 14 години постариот продуцент Али Аталај, а истата година и се породи и на овој свет го донесе синот Фикрет Али.

Фото: Принтскрин

Веста за приновата ја соопшти нејзиниот сопруг кој тогаш ја објави првата заедничка фотографија направена по породувањето во болничката соба.

Инаку, пејачката претходно помина низ тежок период. Имено, Хазал во 2012 доби дијабетес, а во тој период беше и при крај со снимањето на популарната серија „Фериха“ во која ја играше главната улога. Но набргу поради болеста имаше и други проблеми со здравјето, па почна нагло да се здебелува, но откако внесе некои промени во животот нејзиното здравје почна да се подобрува. Таа почна да се храни здраво и да вежба и тоа најмногу и помогна.

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

Фото: Инстаграм/ Хазал Каја

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button