Познатата пејачка од „Гранд ѕвезди“ го остави сопругот – ослабна НЕВЕРОЈАТНИ 90 кг, а сега стави точка и на бракот!
Младата пејачка што се прослави во популарното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, Крстиња Тодоровиќ, по четири години брак реши да се разведе од својот сопруг.
Пејачката за српскиот Курир ги наведе причините за разводот, и како што откри, тоа што ставила точка на бракот нема ништо со нејзиното слабеење и подобриот изглед.
„Вистина е, се разведовме на цивилизиран начин, без груби и тешки зборови, но сега сите ќе помислат дека по овие операции и зафати, заради што изгледам подобро, дека сум го оставила заради нови додворувачи кои ги има сé повеќе, но тоа не е вистина. Во бракот и порано имавме проблеми, само што сега го допревме дното и одлучивме дека е најдобро да се разделиме“, изјави таа за споменатиот медиум.
Потсетуваме, Крстиња пред нешто повеќе месец дена направи операција со која што го отстрани вишокот кожа.
Оваа операција и ја обезбеди Саша Поповиќ кој тоа и го вети уште за време на нетпреварот.
Таа пред две години направи операција на желудникот и тоа и помогна да ослаби 88 килограми. Но Крстиња потоа имаше проблем со вишокот кожа што го реши благодарение на нејзината последна операција.
Крстиња сега, како што самата вели, е презадоволна од својот изглед и му е благодарна на Поповиќ.
Фото: Инстаграм/ Крстиња Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Тодоровиќ
Фото: Инстаграм/ Крстиња Тодоровиќ