Македонскиот министер ја покажа својата сопруга- убавата Андријана ги украде сите погледи
Македонскиот политичар уште еднаш покажа каква убавица има крај себе.
Љупчо Николовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, а често споделува и фотографии од своите работни обврски.
Токму на некои од настаните го следи неговата убава сопруга Андријана која со својот беспрекорен стил секогаш привлекува огромно внимание.
Овојпат министерот сподели дека во Македонија е засадена најстарата винова лоза од Словенија, со што се зајакнуваат дипломатските односи на двете земји.
-На мое големо задоволство присуствував на свеченото засадување на најстарата словенечка винова лоза, по повод 30 години од воспоставување на дипломатски односи на нашата држава со Република Словенија. Со подарувањето и засадувањето на најстарата словенечка винова лоза, Словенија ја потврдува нејзината политичка, економска и културна поддршка, како и пријателските односи кон Република Северна Македонија, напиша Љупчо и додаде:
-Огромна благодарност за оваа укажана чест, се надевам на што повеќе вакви пријателски настани.
Slovenian Embassy Skopje/Амбасада на Република Словенија најдоброто време да се засади дрво е пред 20 години – второто најдобро време е сега-напиша министерот.
Сепак она што привлече најмногу внимание беше неговата сопруга која во син фустан издоминира и ги украде сите погледи.
Едноставна фризура и дискретна шминка, но сепак блескаше покрај својот сакан.
Андријана Николовска, е успешна млада жена која кога е средена од глава до пети изгледа како милион долари.
Тие пред да застанат на лудиот камен неколку години беа во врска, која мораа да ја прекинат, кога Андријана замина за Словенија. Таа тогаш работеше во меѓународна компанија, со седиште во Љубљана, а по неколку години разделен живот, случајно ќе се сретнат на први јануари 2019, кога ќе сфатат дека сè уште постои љубов помеѓу нив и ќе продолжат со нивната врска.
По некое време ќе го кажат своето судбоносно „да“ и денес важат за еден од најскладните парови на политичката сцена во Македонија.