Момчето кое ја испеа „Марионка“ пред повеќе од 20 години направи драстична промена, па еве како изгледа денес
Момчето кое го знаеме пред многу години по хитот „Марионка“ направи драстична промена.
Го знаеме како Васил – „Марионка“, по детскиот евергрин кој го пред повеќе од 20 години го испеа на фестивалот „Златно славејче“
Васил Гарванлиев е роден во Струмица и минатата година беше претставник на Македонија на Евровизија по што се крена голема прашина, откако во спотот во позадина се појавија боите на бугарското знаме, а подоцна се дозна дека има и бугарски пасош.
Иако Васил објасни дека поседува бугарски пасош веќе 20 години, но дека со гордост ја претставува нашата земја на Евровизија сепак многумина го осудуваа.
Тој веќе подолго време не живее во Македонија, но често е активен на социјалните мрежи па може да видиме што работи и каде.
Тој моментално живее во САД, Чикаго, па сподели фотографија од промената која ја направи.
Имено тој својата коса ја исфарба во платинесто руса, а се чини дека не неговите фанови им се допадна ваквата промена.
Инаку Васил отворено зборува за својата приватност, а во едно интервју за британскиот магазин „Attitude“ изјави дека да се биде хомосексуалец е веројатно најмалку интересната работа за него, но и дека е тешко да се зборува на таа тема.
„Роден сум и пораснат во Македонија каде што дефинитивно не е во ред да се биде геј, или нешто од тоа. Секогаш кога ќе се вратев дома, на Балканот, во Македонија, чувствував потреба да ставам маска. Сочувствувам толку многу со сите кои живеат во страв од пресуда, дискриминација, неправда, малт-ретирање“, изјавил Гарванлиев за „Attitude“
Инаку тој и во 2019 година се појави на Евровизија, но тогаш беше пропратен вокал на Тамара Тодевска.