Ноне ги распосла своите облини во костим за капење, но еден детањ им падна во очи на сите
Познатата „морнарка“ се врати повторно на брод и на егзотичните места.
Поранешната пејачка почна да се занимава со музика многу млада, но баш кога кариерата и тргна по нагорна линија таа реши да направи промена, па ги спакува куферите и замина од Македонија.
Ноне Неделковска учествуваше во втората сезона на „Музички идол“ за Србија, Црна Гора и Македонија, каде на крајот го освоила второто место. После ова, таа потпишала договор со Премиер продукција.
Сними неколку хитови кои ден денес се потпевнуваат, но сепак реши да си замине од Македонија и да работи на брод.
Секако со работата на брод доаѓаат и патувањата на егзотични места каде та може да ужива, па секојдневно споделува фотографии и видеа од местата на кои ужива.
Деновиве таа ужива на плажите на Јамајка, место кое за неа е познато бидејќи и претходно го има посетено.
Таа објави фотографија и видео на кое лежи на плажа и ги распосла своите облини од кои многумина нејзини фанови останаа без зборови.
Облечена во розев со црни линии костим за капење Ноне изгледа неодоливо.
Сепак она што на многумина им падна во очи е истиот костим за капење кој Ноне го носеше пред неколку години.
Односно токму во Јамајка во 2017 година Ноне го носи истиот горен дел од костимот за капење.
Доколку ги погледнете фотографиите на Инстаграм може да видите дека Ноне го има користено истиот костим за капење низ годините, па се досега.
Сепак мора да признаеме дека одлично и стои и најверојатно е некој со висок квалитет штом изгледа исто како пред речиси 5 години.
Инаку Ноне не само што ја има посетено Јамајка, таа беше во љубовна врска со бродскиот колега, црномурестото момче Рајан од оваа егзотична островска земја во средна Америка!
Дали ова значи дека можеби се смирија или се работи само за некоја случајност останува да видиме.