Поранешната министерка за финансии во досега невидео издание- Сите ИЗНЕНАДЕНИ од нејзиниот изглед
Поранешната министерка за финансии никогаш не изгледала поубаво.
Иако многу млада таа може да се пофали со богата кариера и важи за упешна жена во нашата земја.
Пред да се приклучи на Владата, Нина Ангеловска беше на чело на Grouper.mk како извршен директор и исто така работеше како консултант во дигитална економија, развој на бизнис и е-трговија.
Во август 2019 година, Ангеловска беше назначена за министер за финансии во Македонија и беше една од најмладите министри во Владата.
Откако веќе не е министер таа повторно продолжи со нејзиите проекти во кои е доста успешна, а деновиве се оддржа и доделување на првите македонски награди за е-трговија за 2021 година “Ecommerce Awards”, во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Манифестацијата се одржа во присуство на членките на АЕТМ, поддржувачите и партнерите,а се обрати и Нина, по што следеше и голема забава за сите присутни.
-ЧЕСТИТКИ до победниците, се надевам дека овие признанија ќе ви претставуваат мотив за уште подобра работа. Да се продава онлајн или да се води е-трговја е исклучително тешко, а уште повеќе и потешко во Македонија. Браво за сите напори, надминати предизвици и успешно менаџирање на е-трговија. Ви благодариме што сте инспирација – Ecommerce Awards се организрираше ЗА и ЗАРАДИ вас.- напиша Нина на Фејсбук и се заблагодари на сите учесници, жирито, соработници и тимот кој работи со неа.
Сепак она што најмногу падна во очи беше стајлингот на Нина.
Таа облечена во темно сива тоалета едноставно блескаше.
Долгиот фустан ја оцрта нејзината совршена фигура, а високиот шлиц на средина придонесе да таа изгледа поженствено од било кога.
Целиот изглед го заокружи со дискретна шминка и совршена фризура како и секогаш.
Приватно, Ангеловска секој слободен викенд или време ги користи за патувања и откривање на нови дестинации.
Тоа впрочем можеме да го видиме и од нејзиниот Инстаграм каде редовно објавува фотки од своите патувања.