Реклама
Наши ѕвезди

Карлеуша во шoк – нејзиниот сопруг се забавуваше со пејачката со која БАЛКАНСКАТА ДИВА веќе со години е во вojна?! (фото)

Реклама

Душко Тошиќ се појави во една емисија и ги изненади сите

Фото: Принтскрин

Поранешниот фудбалер и сопруг на Јелена Карлеуша, Душко Тошиќ, се појави во една емисија на РТС и ги изненади сите. Тој притоа се најде рамо до рамо со колешките на неговата сопруга со кои таа не е во добри односи.

Во прашање е пејачката Рада Манојловиќ со која Тошиќ учествуваше во оваа емисија, а своевремено како што пишува „Свет“ тие престанаа да комуницираат иако претходно беа во многу добри односи.

Маркетинг

Наводно тие се скарале затоа што во една пригода се облекле идентично, по што Рада коментирала дека тоа го носела пред својата колешка, па дури и пред Ким Кардашијан, што очигледно, според споменатиот магазин, поприлично ја налутило најголемата балканска дива.

Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин

Проблемот настана кога Јелена Карлеуша објави фотографија како Ким Кардашијан, наводно, го копирала нејзиниот костум и го пуштила во продажба. ЈК тогаш во свој стил и порача на американската стapлета дека не е убаво што ги краде идеите од неа, односно дека требало да ја праша барем за дозвола. И додека Ким тогаш не се огласи во врска со тоа, фановите на Манојловиќ објавија слика од 2017 година на која Рада носи скоро идентичен комбинезон во популарната емисија „Ами-Џи шоу“, само во розова боја.

Маркетинг
Фото: Принтскрин

Тогаш Рада за порталот „Стар“ објасни како се најде во центарот на оваа фрка за коа пишуваа и светските медиуми, а спомена дека и Карлеуша не треба да и се лути за тоа, бидејќи таа не е во тој фазон.

Фото: Принтскрин

Рада тогаш откри дека костумот го осмислила со нејзината дизајнерка Соња која со години и помага да изгледа поразлично, а најмногу ја иритираше тоа што тогаш, кога го носела, многумина ја критикувале.

Фото: Принтскрин

„Од друга страна, кога нешто такво ќе облече Ким или некој друг, кој на тие таканаречени модни гуруа им е поприфатлив од мене, одеднаш ја фалат креацијата. Поентата не е копирањето, исто ќе реагирав и после неа да ја носев, тоа е потполно неважно. Поентата е лицемерието. Лицемерието на естрадата за кое сите знаат, а тоа го има и во медиумите. Искрено, на мене сето тоа ми е смешно, различни стилисти и критичари мене негативно ме коментираат затоа што рада е од Четереже, а друга личност, иако речиси идентично се облекла, ја фалат затоа што е светска ѕвезда. Тоа е толку евидентно и затоа решив повеќе да не толерирам толкава количина лицемери, тоа беше единствената причина заради која се огласив во врска со оваа тема“ изјави тогаш Рада.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Таа потоа им се заблагодари на фановите што направија хаос на социјалните мрежи, а наводно ова ја изнервирало ЈК.

Фото: Инстаграм/ Рада Манојловиќ

Карлеуша посебно беше погодена откако на Инстаграм се појавија фотографии од Рада, но и од Шакира, која исто така со години пред неа носеше многу слично издание на нејзиното.

Фото: Инстаграм

Шакира сличниот комбинезон го носеше во 2009 година, додека Рада во 2017.

Како и да е, појавувањето на Тошиќ на телевизија заедно со Рада би можело навистина да ја изнервира неговата сопруга. Но ако судиме според фотографиите Тошиќ убаво си помина во емисијата, каде покрај Рада се појави и Зорица Брунцлик со која Карлеуша исто така имаше судир пред неколку години, а за кој пишуваа медиумите во регионот.

Фото: Инстаграм/ Ким Кардашијан

Токму затоа сега многумина се прашуваат како Карлеуша ќе реагира на ова појавување на нејзиниот сопруг во јавноста.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

За нив веќе некое време се шушка дека не се во добри односи, посебно по скандалот што се случи пред нешто повеќе од месец дена, кога популарната пејачка го пријави Тошиќ за нacилство. Тој потоа доби забрана месец дена да не и се приближува, а по истекот на казната се врати во Белград и од папарацо фотографите беше забележан во нивната семејна куќа.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Карлеуша потоа за Денот на вљубените се пофали со подарокот што го доби од него, па сега сите се прашуваат дали тие сепак успеале да ги решат недоразбирањата и дали љубовта победила.

И Тошиќ и Карлеуша се уште се немаат огласено и немаат дадено никаков коментар во врска со нивниот брак.

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Фото: Инстаграм/ Јелена Карлеуша

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button