Блиску до зацртаната цел- нашата позната пејачка доживеа голема трансформација и покажа колку ослабела
Познатата кумановка уште еднаш ги изненади своите фанови и покажа колку ослабела.
Ивона Јовановиќ, попозната како Ивона Јо, се прослави во музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“.
Младата пејачка одлично се представи и ги воодушеви сите со својот глас, но често добиваше критики за својот изглед и тежина, па реши да се откаже.
Иако таа беше горда на своето тело и велеше дека не и пречи, сепак се одлучи за операција на желудникот, по што следеше голема трансформација.
Ивона овој хиpypшки зафат го направи при крајот на летото 2021 година, и од тогаш со секоја своја нова фотографија што ќе ја објави на својот профил на Инстаграм ги изненадува своите бројни обожаватели.
Сега одговарајќи на прашања од фановите Ивона кажа дека ослабела 63 килограми.
Насмеана и позитивна таа ужива во својата кожа, па често споделува мотивирачки пораки и објави им дава поддршка на сите кои некогаш се нашле во слична ситуација.
Постојано настапува по клубови кои се полнат до последното место.
Таа цело време објавува интересни фотографии и постови со кои ги бодри своите фанови, но и во детали опишува што и се случува по стеснување на желудникот.
Таа во една прилика кажа дека целта и е да ослабне 70 килограми, така да сега е многу блиску до целта.
Таа денес води сметка за својата исхрана, што веќе и се исплатеше, а тоа можеме да го видиме и од нејзиниот Инстаграм.
Како таа изгледаше некогаш, но и како изгледа сега, неколку месеци по операцијата, погледнете во продолжение.