Гавазова во црн комбинезон заради кој цело Скопје се вртеше по неа – фолкерката ја „запали“ метрополата со ова опасно издание!
И нејзиниот сопруг беше во црно…
Сузана Гавазова носеше интересен стајлинг за Осми март и ги воодушеви сите на социјалните мрежи
Популарната фолкерка Сузана Гавазоа веќе со години важи за една од најпознатите пејачки во Македонија. Таа покрај својот глас и неколкуте хитови што ги има, се издвојува и со својот посебен стил, а овој пат ги изненади своите верни фанови облечена во црно од глава до пети.
Имено, Гавазова заедно со својот сопруг беше на вечера во еден познат скопски ресторан каде повторно демонстрираше интересен и урбан стил кој можат да го копираат и девојки и повозрасни жени, посебно кога сакаат да изгледаат елегантно, софистицирано и женствено во исто време.
Познатата фолкерка носеше интересен комбинезон без ракави и со длабоко деколте во „V“ израз, под кое (најверојатно) не носеше ништо (бидејќи во прашање е модел што не „трпи“ да се носи нешто под него), а целото издание го „зачини“ со преубава фризура и со впечатлива шминка.
Гавазова тенката половина и своите раскошни облини дополнително ги истакна со широкиот ремен и заедно со уште неколку интересни детали, изгледаше поприлично урбано, женствено и гламурозно.
Во продолжение погледнете го ова „all-black“ издание на Гавазова, но и едно во бело и кажете ни кое ви се допаѓа повеќе?
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/ Сузана Гавазова