Ирена искрена за врската со Орце: Јас сум била слободна и не сум растурила ничиј брак
Музичката кариера ја започна многу рано, а зад себе има многу хитови, а во последно време е сè поактивна на социјалните мрежи.
Сепак и покрај тоа што долго време е на музичката сцена таа секогаш е интересна за јавноста, а се чини дека во последно време ја следат и трачеви за кои пејачката вели дека не ја погодуваат.
Ирена Спасовска е една од најдобрите фолк пејачки на македонската естрада, а сега во магазинот „Бекстејџ“ јавно прозборе за нејзината врска со новинарот Орце која траеше цели 13 години, но па нивната бурна разделба некои сè уште ја критикуваат само неа.
Во 2018 година во фокусот покрај нејзината музичка кариера, дојде во јавен фокус нејзините љубовен живот.
Тогаш Орце изјави дека не е лесно да се продолжи понатаму после толку години заедно со некој.
-Долго молчев на темава. Решив да проговорам сега и да ставам крај на ова поглавје во мојот живот. Време е да се свртиме кон нови, поведри теми во иднина. Продолжувам напред, посветен на работата, на синовите, на внуката. Не ме прашувајте која е причината поради која се разделивме, доволно се објави во порталите на таа тема. Да, неверство, но не од моја страна-изјавил Орце.
Сега Ирена ја кажа својата страна и рече дека ја имала поддршката од најблиските и немало потреба тогаш да реагира, но во последниов период темата повторно стана актуелна, па Ирена рече дека чудно е да се зборува за растурање на нечиј брак.
-Секој што е во брак треба самиот да си го чува бракот. Јас сум била слободна и не сум растурила ничиј брак-рече Ирена во интервју за „Бекстејџ“.
Ирена ги негираше шпекулациите дека за време на врската била вмешана и трета личност и вели дека немало такво нешто и од двете страни.
Сепак призна дека таа го оставила.
-Јас го оставив затоа што сметам дека кога е заврши љубовта нема вее потреба да се биде во врска, бев многу искрена. За разлика од некои други кои живеат во брак од интерес, за пари, за децата за статус во семејството, но јас си имам работа и не ми требаше таков статус и можев да се грижам за својата ќерка, одлучив да бидам слободна-рече Ирена.
Вели дека во врска не ја поднесува монотонијата, односно кога само еден партнер се дава во смисла на енергија, мора да има енергичност и да постои смеа и духовитост-рече Ирена во интервјуто за!„Бекстејџ“.
Инаку во последно време таа изгледа подобро, но и посреќно од било кога.