Реклама
Наши ѕвезди

Исплива непознат детаљ од почетокот на кариерата на Цеца – и како МАЛОЛЕТНА ЗАРАБОТУВАЛА полни куфери со пари!

Реклама

Првиот настап на Цеца што и го промени животот…

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Познатата фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ повеќе од три децении е на јавната сцена. Нејзината кариера започна во 1988 година кога од родното село Житораѓа замина на црногорското приморје, каде запеа пред публика во една летна бавча, а гласот и донесе полн куфер со пари.

Таа оттогаш до сега има издадено 18 албуми, а секоја нејзина песна е голем хит.

Маркетинг

Цеца е една од ретките пејачки кои можат да се пофалат дека заработила пари за стан уште пред да наполни 18 години.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Нејзиниот албум „Пушти ме да га видим“ и донесе голема популарност. Беше продаден во повеќе од 350.000 примероци, а една година подоцна, албумот „Бабарога“, ги обори сите рекорди, па пејачката заработените пари реши да го вложи во недвижнина, па купи стан во Белград.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Пејачката во овој стан живееше се додека не се омажи за Жељко Ражнатовиќ Аркан со кој ќе се запознае во 1994 година.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Цеца никогаш не криела дека пеење песни на Нада Обриќ во бавчата на една кафеана и го променило животот засекогаш.

„Бевме на одмор во Црна Гора и последниот ден бевме на вечера, со мештаните од Житораѓа. Свиреше бенд, ме замолија да отпеам нешто. Кажаа: ‘Тука ви е една колешка“, дали може нешто да испее, а луѓето веќе беа разотидени, тоа беше летна бавча до Сутоморе, се присети Цеца во една пригода.

„Приоѓа човек до масата, вели: ‘А каде е колешката?’ и тие велат: ’Па еве ја’. Црногорецот вели: ‘Луѓе, не шегувајте се, ова е дете’… Тргна тој, па се врати и ми вели: ‘Ајде малечка, да видиме што знаеш. Местото беше празно потполно, можеби ние бевме последните гости и почнав да пеам ‘Дуго те, дуго очекујем’, од Нада Обриќ, и почна местото да се полни масовно“.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Сите шокирани, најпрво овие од бендот како пеам толку малечка, а веќе со оформен глас, зрела боја, трилери, техника… Тогаш им понудија на моите гости во бавчата на локалот во местото Утеха настапувам два месеци, додека бев на распуст. Мајка ми, секако, кажа не, а потоа јас ја молев, молев, и успеав да ја убедам. ‘Зошто да не, можеби тоа ми е шанса, можеби некој ќе ме слушне’, и зборував и бев во право“ се присети во една пригода Цеца.

Пејачката тогаш, како почетничка, пееше за 3000 тогашни германски марки. И како што кажуваше нејзиниот татко Слободан, првата година од турнејата по црногорското приморје заработила толку многу пари што дома ги донела во голем куфер и ги броеле цела ноќ, а потоа го вложиле во купување плац и проширување на куќата во Житораѓа каде што нејзините и сега живеат.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button