Исплива стара фотографија на Цеца со нејзината мајка Мира – ќе се ИЗНЕНАДИТЕ на кого Анастасија личи повеќе (фото)
Глетка што на многумина им ги стопли срцата
Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ е многу блиска со своите родители Слободан и Мира Величковиќ.
Тие ретко се појавуваат во јавноста, но деновиве на социјалните мрежи исплива фотографија од младоста на Цеца на која позира со нејзината мајка Мира Величковиќ, за која познатата пејачка самата не ретко има зборувано дека токму од неа го наследила талентот за музика.
Цеца на сликата има кратка коса, а слична фризура има и нејзината мајка, која ретко ја гледаме во јавноста.
https://www.instagram.com/p/CNxxjrap24y/
Многумина коментираа дека пејачката личи на својата мајка, но и дека и нејзината ќерка е иста како баба.
„Анастасија е иста како баба“, пишува во коментарите под фотографијата.
Инаку, Цеца иако многу ретко објавува слики со своите родители, таа не крие дека од нив добила многу љубов и внимание, иако тие биле строги кон неа и нејзината сестра Лидија, но и за тоа не им замерува.
Ние сме строго воспитувани – точно се знаеше што е за девојки, а што за момчињата. Сеќавам се, лето, денот долг, а ние излегуваме дури во десет часот навечер, иако сé ќе биде затворено на полноќ. Мајка ми на сестра ми и на мене ни вели: Можете да излезете во девет, и кога ќе помислам дека сте таму, вие веќе да сте тука. Ако не ви се допаѓа, за мене уште подобро“, се присети Цеца во една пригода.
Инаку, нејзината мајка која по занимање беше учителка, никогаш не и прости на Цеца што не завршила факултет.
„Сакав да студирам психологија. Бев на добар пат тоа да го остварам, никогаш немав проблеми во училиштето. Верувале или не, целиот мој успех и огромната кариера на моите родители никогаш не им беа доволни“.
„Тие никогаш не ми простија што не продолжив со школувањето и што не завршив факултет“, откри Цеца.
Бонус галерија
Цеца во проѕирна кошула
Верувале или не, но Цеца во ова издание носи облека и модни додатоци кои чинат преку 20.000 евра.
Само чантата што ја носи со интересна златна рачка во форма од змија која е од „Mary Katrabtuou x Bvlgari“ чини скоро 2500 евра.
Што се однесува до нејзиниот накит, во прашање се парчиња од „Chanel“ за кои пејачката издвоила околу 20.000 евра.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд