Ѓоко Јовиќ сподели емотивна порака за сопругата и ги растопи своите обожаватели – еве што и порача на жената што најмногу ја сака!
Популарниот пејач со емотивни зборови и честиташе роденден на својата сакана.
Ѓоко Јовиќ е еден од најбараните пејачи во земјава, тој заедно со својот бенд знае да ја направи секоја семејна прослава незаборавна.
Неговата кариера во последните неколку години тргна по нагорна линија, па освен успешната кариера, тој важи за посветен сопруг и татко.
Неколку години е во брак со неговата сопруга Ивана и имаат четири деца.
Тој не крие колку е вљубен во Ивана и после толку години брак, а сега по повод нејзиниот роденден тој објави семејна фотографија, па напиша:
„Среќен роденден љубена, те сакаме најмногу“ – напиша Ѓоко а под објавата се нижеа честитки.
Инаку Јовиќ важи за скромен човек кој не крие дека потекнува од земјоделско семејство, а важно о за вистински хуманитарец.
Тој како и сите останати членови од неговиот Енерџи бенд се познати како хумани луѓе. Тие неретко знаат да го прекинат својот настап, и да го извадат нивниот „хуман ковчег“ во кој собираат донации за луѓе на кои им е потребна помош. Како што самиот изјави во една пригода, тој никогаш не помислувал дека она што го прави со колегите, ќе предизвика толкав интерес во јавноста.
„Целото внимание и благодарност според мене, му припаѓа на Бог, јас само го правам тоа што најдобро го знам и умеам – пеам. Кога веќе сум во таа позиција да можам да го поттикнам народот на хуманост и добрина, нормално е дека ќе го правам тоа“, изјави Јовиќ за Фокус во една пригода.