Многумина кога ќе ја слушнат цената на накитот што го носи Цеца ќе се „шокиpaaт“ – пејачката направи „хaoc“ во „Ѕвездите на Гранд“
Познатата фолк-пејачка Цеца Ражнатовиќ пристигна на уште едно снимање во „Ѕвездите на Гранд“ и повторно ги воодушеви сите со својот стајлинг.
Нејзините фанови веќе се навикнати од неа да очекуваат нешто несекојдневно кога е во прашање нејзиниот моден израз. Впрочем така беше и овој пат кога Ражнатовиќ пред грандиозното студио се појави во елегантно издание кое во исто време беше и поприлично пpoвокативно.
Имено, популарната пејачка на снимањето на новата епизода од музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“ се појави во сина комбинација која можеби на прв поглед изгледа едноставно, но со која дефинитивно го украде шоуто.
Таа носеше светло сини широки панталони од лен и провидна кошула со ѕвонести ракави под која се гледаше нејзиниот гpaдник.
Во рацете носеше минијатурна чанта од „Bvlgari“ која е хит меѓу светските трендсетерки и која чини 2800 евра.
Таа целото издание го заокружи со скапоцен накит- обетки и огрлица од „Chanel“ чија вредност е 20.000 евра, а носеше и прстен со голем син камен.
Како таа изгледаше на снимањето, но и како изгледаа нејзините колешки од шоуто, водителката Сања Кужет и пејачката Вики Миљковиќ, кои исто така блескаа, погледнете од галеријата во продолжение.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд
Вики која исто така одлучи да заблеска на снимањето се појави во зелен светкав фустан со изразито длабок шлиц.
Кумата на Цеца целото издание го заокружи со елегантни високи потпетици и дополнително во преден план ги истакна своите нoзе.
За разлика од неа, познатото ТВ лице на Гранд, Сања Кужет, блескаше во кусо фустанче во крем нијанса.
Фустанот го истакна нејзиното тело, а разбрануваната коса со локни го заокружи ова префинето издание на Кужет.
Само да потсетиме, Цеца неодамна раскина со момчето Богдан Срејовиќ со кого една година уживаше во романтична врска.
На прашањето на еден новинар да го коментира раскинувањето на нејзината мајка со партнерот, Анастасија изјави:
„Тоа едноставно така се случи. Нема место за теорија на завера. Не сме ние Кардашијанци, а можеме да бидеме“, истакна наследничката на Цеца, Анастасија, Ражнатовиќ, на прашањето на водителот дали е случајност тоа што нејзината мајка и таа со своите партнери раскинаа речиси во исто време.
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд
Фото: Принтскрин/ Инстаграм, Ѕвездите на Гранд