Елена Ристеска покажа како изгледа нејзината мајка, па со емотивна порака ги РАЗНЕЖНИ сите

Веќе со години важи за една од најубавите пејачки во земјава, а сега испрати емотивна порака до својата мајка.
Иако е на музичката сцена уште од кога беше многу млада, се чини дека со теот на годините таа созреа и стана уште поубава.
Елена Ристеска во последно време е доста активна на социлјалите мрежи, но и многу работи на својот нов бренд ЕРА косметикс.
Иако се чини дека музичката кариера Елена ја стави во втор план, сепак таа е доста активна и на тоа поле, па неодамна во Турција ја доби наградата за најдобар претставник на македонската култура во светот и во Сокобања доби награда за личност на годината во светот на поп музиката.

Елена е една од оние личности која не крие колку е важно семејството за неа, па покрај тоа што често споделува емотивни статуси за нејзиниот татко, сега тоа го направи за нејзината мајка.

Елена и го честиташе роденденот на својат амјака, па сподели и фотографија на која може да се види дека таа ја наследила и убавината од неа.

-Вчера беше најубав ден, 22.02.2022 на мојата мајка роденден. Вчерашниот беше и ангелски број 22022022, затоа што си ангел кој нè чува. Да можев уште сто пати да се родам пак ќе одберев и посакав да ми бидеш мајка ти во сите животи, мами. Те сакам до бескрајот!-напиша Елена.

Иако Елена повеќе личи на својот татко, сепак потсетува и на мајка си, па така нема дилеми дека двете дами изгледаат неверојатно.
Елена пред пет години го изгуби својот татко и остана без најголемата потпора во својот живот.

Познатата пејачка гостувајќи во една емисија своевремено откри дека најтешко во животот и било кога го изгубила својот татко, но и дека нејзината мајка и сестра и биле најголема поддршка во тие тешки моменти.







