Цеца во издание кое вреди повеќе од просечна годишна плата во МАКЕДОНИЈА – 1500 евра платила само за овој детаљ?!
Модниот детаљ што го носеше Цеца беше толку популарен што се распродаде за рекордно брзо време.
Популарната пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ ги изненади сите кога се појави на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“ облечена во фустан и чизми од познат светски бренд кои се вистински хит во светот.
Балканската кралица на фолк музиката за снимањето на популарното музичко шоу носеше црн фустан кој совршено стоеше на нејзиното тело, а целото издание дополнително го подига на следно ниво облечена во црни чизми хеланки, направени со полупроѕирен материјал.
Пејачката за овој моден детаљ потрошила 1500 евра и истите се хит во целито свет и се распродадени за рекордно време.
Покрај црниот фустан и екстравагантните чизми носеше и „винтиџ“ чанта од Шанел чија цена се движи околу 3000 евра.
Таа целото издание го зачини со оверсајз очила за сонце од „Валентино“, кои потполно се вклопија во целото издание.
Како што може да се види од видеото што се појави на социјалните мрежи, Цеца не беше воодушевена од прашањата што и ги поставија припадниците на седмата сила, па интервјуто реши да го заврши откако новинарите ја прашаа за нејзиниот однос со поранешното момче.
Имено на прашањето дали се уште се во контакт, пејачката одговори со следниве зборови:
„Дали тоа прашање вам ви е од животно значење?“ „Тоа на мене треба да ми е важно. Не сакам за приватниот живот“, изјави Цеца и се поздрави со новинарските екипи.
Бонус галерија
Цеца Ражнатовиќ VS Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: принтскрин/ Телеграф.рс
Па, која од овие две комбинации ви се допаѓа повеќе?