Реклама
Наши ѕвезди

Тажен, но и горд- Македонскиот политичар со емотивна порака за неговиот татко

Реклама

Македонскиот политичар со емотивен статус се потсети на својот татко.

Генералниот секретар на Владата е еден од оние политичари кои открива детали и од својот приватен живот, па освен тоа што често објавува семејни фотографии овојпат тој објави фотографија од детството.

Мухамед Зеќири е потпретседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, прв Албанец во историјата на партијата кој ја презема оваа функција.

Маркетинг

Има завршено теологија, а во едно интервју за Магазин откри дека неговите најблиски биле изненадени од оваа негова одлука.

Маркетинг

Деновиве на кратките Инстаграм приказни Зекири сподели две фотографии од неговиот татко и тој кога бил мало дете.

Покрај фотографијата Зеќири стави тажно смајли, па додаде дека поминале 19 години без неговиот татко.

Фото: Инстагграм/ Мухамед Зекири

-Многу ретки се луѓето кои се паметат само по добро. Ти си еден од нив, знам дека не чуваш сите.

И знај дека си оставил душа чиста ко тебе што ја чувам од сите до крај. Те сакам тато -напиша Зеќири, а истата фотографија ја сподели и неговата сопруга Бисера.

Фото: Инстагграм/ Мухамед Зекири

Инаку Зеќири е оженет и татко на ќерка, како и на две други од претходниот брак.

Неговата втора сопруга Бисера е Македонска од православна вероисповест, па нивниот брак предизвика и бура реакции.

Фото: Инстагграм/ Мухамед Зекири

Тој откри како е да се биде во брак со човек од друга религија.

„Најважно е да си човек, не е битно кој од која религија е. Ние сме во прекрасна заедница, прекрасно се вклопуваме и се разбираме. Љубовта секогаш е во преден план, секогаш победува. Никогаш не игра улога кој од која религија е. Затоа, повторувам, најбитно од се е да си човек.

Фото: Инстагграм/ Мухамед Зекири

Нема ништо не ни претставува пречка. Многу е убаво чувството кога заедно чествуваме различни празници. Ни се случи Рамазан да се вклопи со Велигден, па на софрата имавме и ифтарски ручек и велигденски јајца“, кажа Зекири и даде совет до сите парови кои можеби имаат проблем со неприфаќање на нивната врска да го следат своето срце и да не се грижат којшто зборува.

Фото: Инстагграм/ Мухамед Зекири

Круна на нивната љубов е нивната ќеркичка Далиа, која е центар на нивниот свет.

Фото: Инстагграм/ Мухамед Зекири
Фото: Инстагграм/ Мухамед Зекири
Фото: Инстагграм/ Мухамед Зекири
Фото: Инстагграм/ Мухамед Зекири
Фото: Инстагграм/ Мухамед Зекири
Фото: Инстагграм/ Мухамед Зекири
Фото: Инстагграм/ Мухамед Зекири

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button