Мала прослава наместо голема свадба- Се ожени синот на поранешниот претседател, а невестата избра НЕОБИЧНА венчаница
Се ожени момчето кое срамежливо позираше заедно со својот татко.
Неодамна откри дека е вљубен до уши, а сега се ожени и покажа дека очекува и принова.
Иван Иванов, синот на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов неодамна ја промовираше својата збирка поезија „Невино време“ и со помош на стиховите откри една нова и досега непозната за јавноста страна од себе и својата личност.
Косата скратена и имиџот променет, се чини дека љубовта му одговара.
Тој во октомври откри дека е вљубен и дека ја запросил долгогодишна девојка за жена, па во интервју за „Бекстејџ“ откри со што таа го освоила.
– Шармот, насмевката, нивото на промислување на работите околу себе, интелигенција, убавина, но пред сè она што таа беше таа што е-вели тој со љубов во очите.
Викендов двајцата објавија дека стапиле во брак, а прекрасната невеста наместо традиционален бел фустан носеше розов со долги ракави, а на стомакот панделка која го стави во фокус нараснатото меше.
Освен што поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов стана свекор, наскоро ќе стане и дедо.
Иако Иван планираше да направат голема традиционална свадба, се чини дека ги забрзаа работите и се решија за мала свадба со најблиските.
Инаку она што малкумина го знаат за него е дека тој има и свој бенд и дека е голем љубител на музиката.