Поранешниот водител јавно проговори за сериозната болест која ја помина и ги покажа лузните.
И покрај тоа што веќе некое време не е на малите екрани тој сепак е интересен за јавноста.
Зоран Василевски или Зоки Фаци како што е познат во јавноста се повлече и стана инфлуенсер.
Тој важи за човек без „влакна на јазикот“ односно секогаш го кажува она што го мисли, па затоа на многумина не им се допаѓа толку поради таа причина.
Зоки неодамна покажа дека се наоѓа во болница, но не соопшти никакви детали, а подоцна откри дека се работело за операција на ногата.
И покрај тоа што многу од неговите фанови се загрижија Зоки не откри многу, но сега конечно реши да открие за што се работело.
Зоки на стори сподели видео од неговата лузна на ногата по тешка операција поради канцер, па соопшти дека наскоро ќе биде гостин во некоја емисија каде детално ќе зборува за се низ што поминал со цел да помогне на некој кој можеби поминува низ истото.
На прашање од фановите тој одговори дека бил преплашен пред операцијата, но вербата во Бог и мислата на неговиот покоен татко дека го чува од небото, му помогнала да остане силен.
На почетокот вели дека ја игнорирал лузната на ногата и дена не сакал да ја прифати, но сега веќе се навикнал и наскоро ќе направи и тетоважа.
Инаку Зоки Фаци важи за голем професионалец и досега имал можност да прави интервју со многу балкански ѕвезди
Секогаш прашува и зборува за тоа за што другите немале храброст, па токму затоа се стекна со голема популарност.
Поради таа негова отвореност и директност, Зоран мораше да плати и цена. Имено пред 10-ина години беше пречекан во заседа пред неговата зграда од две маскирани лица и yдpeн со шипка во главата, а медиумите и истрагата подоцна тоа го третираа како обид за yби-cтвo.
„Никогаш не го фатија сторителот, иако се шушкаше кој е во прашање, ама ете … Паднав во бесознание и кога се освестив, бев сиот облеан во локва kpв, а ме најде соседот. Но, тоа не ме обесхрабри, јас продолжив емисијата да си ја работам со љубов и сè што објавував во неа беше вистина, иако жолтиот печат понекогаш знаеше тие настани да ги преувеличи“, раскажа Зоки своевремено.